НЕЛИ БЕА ИЗОЛИРАНИ?! ЛАВРОВ НА СРЕДБА СО СИТЕ АМБАСАДОРИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД БРИКС (БРАЗИЛ, ИНДИЈА, ЈУЖНА АФРИКА И КИНА)

НЕЛИ БЕА ИЗОЛИРАНИ?! ЛАВРОВ НА СРЕДБА СО СИТЕ АМБАСАДОРИ ОД ЗЕМЈИТЕ ОД БРИКС (БРАЗИЛ, ИНДИЈА, ЈУЖНА АФРИКА И КИНА)

На 22 март, Министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров одржа средба со главите на дипломатските претставништва на земјите од БРИКС акредитирани во Москва во формат на работен појадок, информира руската амбасада во Република Македонија.

Се одржа заинтересирана размена на мислења за развојот и зајакнувањето на стратешкото партнерство во рамките на здружението. Беше потврден непроменливиот интерес за градење на петстраниот дијалог, вклучително и на клучните меѓународни платформи.

Се разговараше за актуелни прашања од меѓународната агенда со акцент на ситуацијата во Украина и околу неа. Сергеј Лавров презентираше детална анализа на причините на украинската криза, даде детални објаснувања за прашањата поврзани со обезбедувањето на безбедноста на цивилното население, вклучително и странските државјани, организирањето хуманитарни коридори, како и давање помош на бегалците и другите луѓе на кои им е потребна. Тој нагласи дека економската војна без преседан, започната против Русија и притисокот од санкциите грубо ги прекршуваат клучните норми на меѓународното право.

Да напоменеме дека оваа вест НЕ беше пренесена од ниту еден „мејнстрим“ медиум ширум планетава, а и во Македонија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!