america covid rules

НЕМА ЗАДОЛЖИТЕЛНА BAKЦИНА ЗА РАБОТНИЦИТЕ ВО АВТОМОБИЛСКАТА ИНДУСТРИЈА, ВЕЛАТ ПРЕТСТАВНИЦИТЕ НА НАЈГОЛЕМИТЕ ПРОИЗВЕДУВАЧИ НА АВТОМОБИЛИ ВО АМЕРИКА

Задолжителната вaкцинa не е приоритет на авотомобилските гиганти, таа останува на ниво на препорака за сите вработени, се сложиле членовите на UAW (Обединет Синдикат на Автомобилски Работници) синдикатот.

Ford, General Motors и Stellantis се договориле членовите на Обединетиот синдикат на автомобилски работници да не бидат принудени да ја земаат задолжителната вaкцина како услов за вработување.

Дополнително, статусот на вакцинација на работниците ќе остане приватен со политика на приватно и доброволно откривање.

На состанокот во понеделникот вечерта, Заедничката работна група за KОВИД 19, составена од UAW, Ford, General Motors и Stellantis, се согласила за политика на доброволно и доверливо откривање на статусот на вакцинација за членовите на UAW. Секоја компанија ќе обезбеди дополнителна комуникација на вработените за тоа како, каде и кога да го пријават својот статус на вакцинација.

Покрај охрабрувањето на членовите да го објават својот статус на вакцинација, Работната група продолжува да ги поканува сите членови, соработници и нивните семејства да се вакцинираат и да добијат дополнителна вакцинација против Ковид-19, со разбирање дека постојат лични причини кои може да ги спречат некои членови од се вакцинираат, како што се здравствени проблеми или религиозни верувања.

По разгледувањето на статусот на упатствата на CDC и OSHA, Работната група исто така одлучила дека е во најдобар интерес за безбедноста на работниците да продолжи да носат маски на сите работни места во овој момент.

Иако се подразбира дека маските може да бидат непријатни, ширењето на варијантата Делта и неодамнешните податоци кои укажуваат на континуирана висока стапка на пренос во некои географски области продолжуваат да претставуваат сериозна закана по здравјето.

Еден од најдобрите начини за борба против овој вирус е да се вакцинираат што повеќе луѓе. Колку повеќе членови на UAW, соработници и нивните семејства се вакцинирани и имаат бустери, толку побрзо може да се победи оваа смртоносна пандемија, се вели во нивното соопштение.

Работната група ќе продолжи внимателно да го следи здравствениот статус на Ковид, како и сите законски и процедурални промени на упатствата за CDC (Центар за Контрола на Болести) и OSHA (Администрација за Труд и Безбедност при Работа), за да се осигура дека е направено сè што е можно за да се заштитат семејствата, членовите и вработените.

Ова му помага на нишалото да се заниша назад кон американскиот работник.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!