nenadejno pocina 25 godisen nba kosarkar

НЕНАДЕЈНО ПОЧИНА 25 ГОДИШЕН НБА КОШАРКАР

На 25 години светот го напушти поранешниот истакнат играч на Универзитетот Хомстед и Пердју, кој играше и во НБА лигата – Кејлеб Свонинг.

Набргу по неговата смрт било потврдено дека момчето починало од природна смрт. Патологот од округот Ален потврди дека Свонинг починал од природна смрт.

Сепак, неговиот вакцинален статус сѐ уште не е официјално утврден.

Младиот кошаркар е познат по прекарот „Биги“, поради преголемиот број килограми, но и по тоа што е истакнат член на локалната заедница.

Со својот социјален активизам секогаш се трудеше да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.

Свониган беше драфтуван од Портланд Трејл Блејзерс во 2017 година, но не играше во НБА до 2019 година.

Тој ја освои престижната награда за „Мистер Индијана кошарка“, откако го предводеше Хомстед до првата и единствена државна титула во 2015 година.

Потоа играше на Универзитетот Пердју пред да излезе на НБА драфтот. Тој во текот на целата своја кариера го носеше дресот на Порталанд и Сакраменто Кингс во најсилната кошаркарска лига во светот. Тој беше соиграч и на српскиот кошаркар Богдан Богдановиќ во Калифорнија.

Сваниган, бил бездомник како дете пред да биде посвоен, на крајот добил диплома по историја. Тој, исто така, континуирано помагаше во организирање на собирање средства за бездомниците и објавуваше музика.

Со американската репрезентација освои две светски првенства во јуниорски категории. Со селекцијата до 17 години славеше во Дубаи во 2014 година, а една година подоцна беше шампион во Грција со селекцијата до 19 години.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!