хрватска адвокати мерки

НЕВЕРОЈАТНО! ВО ХРВАТСКА СЕ ЈАВИЛЕ НАД 300 АДВОКАТИ ЗА ДА ГИ БРАНАТ ПРАВАТА НА ГРАЃАНИТЕ ВО ВРСКА СО РЕСТРИКТИВНИТЕ МЕРКИ! КАДЕ СЕ НАШИТЕ?!

Вестите кои го охрабруваат обичниот човек, во едно време на сѐ поголем притисок и негово туркање на маргините на општеството, ги има сѐ повеќе и повеќе.

Имено, следат масовни тужби против работодавците кои го оневозможуваат правото на работа на сите свои невакцинирани работници.

Откако партијата “Promijenimo Hrvatsku” завчера претстави шест врвни адвокати кои со бесплатни правни совети ќе им помагаат на граѓаните кои од вторник нема да бидат пуштени на своите работни места, ги повика и останатите чесни адвокати да им се придружат.

Одзивот ги изненади сите!

За помалку од 24 часа се јавиле повеќе од 300 адвокати од цела Хрватска, кои се подготвени да ги упатат граѓаните и да им дадат поддршка и мислење како да постапат при неколку потенцијални најкритични ситуации кои ги чекаат сите невакцинирани во наредните недели, известуваат од партијата.

Иако, веруваме, дека многу од нив се подготвени и бесплатно да ги застапуваат граѓаните, правилата на нивната Адвокатска Комора не им го дозволуваат тоа. Сепак, секој правен совет во овој случај, секако би бил злато вреден.

“Партијата Promijenimo Hrvatsku започна и правна офанзива против хрватскиот Кризен Штаб, Владата и сите оние кои на било кој начин ги ограничуваат човековите слободи и права. За почеток собравме шест адвокати, а започната е иницијатива за поголемо собирање на сите нив и веќе се пријавени над 300!” – велат од партијата.

“Одлуката за ковид сертификатите кои се чиста уцена и присила за вакцинирање мора да бидат укинати. Сите кои се дел од оваа епидемиолошка уцена ќе одговараат!”

“Ги повикуваме сите адвокати од сите делови на Хрватска да ни се јават, затоа што е се поголем бројот на луѓето на кои им треба правна помош, велат од партијата.”

Судејќи по се, воведувањето на задолжителни ковид сертификати, односно задолжителна вакцинација нема да помине така глатко како што мислеше хрватскиот премиер.

Големиот одзив на адвокатите не чуди, затоа што сите оние на кои им се заканува отказ поради ковид сертификатите, можат лесно да поднесат тужба до работодавецот која многу веројатно и ќе ја добијат!

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom