тоња бакстон

“НИЕ СМЕ СЛОБОДНИ И НЕМА ДА СЕ ОТКАЖЕМЕ ОД НАШИТЕ СЛОБОДИ! СРЕЌНА СУМ ДА ОДАМ В ЗАТВОР ПОРАДИ ТОА!”- ПОЗНАТО ТВ ЛИЦЕ КАКО НИКОЈ ДРУГ УДРИ ПО НОВИТЕ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ! (ВИДЕО)

Она што се случува во Република Македонија, дискриминацијата со која се соочува нашиот народ, се случува уште пожестоко во т.н. Западни демократии.

Така, британскиот премиер Борис Џонсон, пред неколку дена најави нови рестрикции за своето население, население кое е вакцинирано со стапка од над 75%, а речиси 30% се вакцинирани по 3 пати. Ова ново лудило беше доволно да ја предизвика познатата авторка и ТВ лице во Велика Британија, Тоња Бакстон (Tonia Buxton), јавно да зададе жестоки удари до премиерот и неговите рестриктивни мерки, на начин кој досега е незапомнет на британските и светските медиуми:

“Најпрвин бев навистина лута, а потоа се чувствував празно поради тоа што се случуваше, a потоа беше она поништување на нашата надеж, исцедување на нашата среќа и тие константно го прават истото.

Навистина се надевам дека повеќе луѓе ќе ја повлечат црвената линија, како што направивте вие и кажавте: “Доста е! Немате право да ми кажувате што да правам во мојот живот!”

Живееме во либерална Велика Британија, во Англија, гледајќи што се случува во останатите држави.

Ние сме слободни и нема да се откажеме од нашите слободи! Јас нема! Доволно ми е! Тоа едноставно нема да се случи. Нема да ги гледам моите деца како запаѓаат во депресија, моите пријатели да бидат осамени, губејќи членови од нивните семејства. Тоа нема да се случи повторно, не во мојот живот. И јас сум среќна да одам в затвор поради тоа! Нема да го прифатам! Нема!” – жестоко се обраќа авторот и тв лице, Тоња Бакстон.

На ова водителот и изразува сочуство за изгубен член од нејзиното потесно семејство, односно нејзината свекрва која починала, според Тоња, токму поради карантинот.

Тоња ќе објасни:

“Таа почина исклучиво поради карантинот! Ако беше прегледана од нејзиниот доктор, кој единствено правеше телефонски консултации, прашувајќи работи како: “Каква ти е бојата?”. Секој кој всушност ги слушна нејзините симптоми подоцна, кажа дека тие претставувале очигледна варијанта на рак. Ова се случуваше речиси 6 месеци. Ја однесовме во болница, чекавме 5 ипол часа, а тие ја вратија дома со парацетамол, затоа што беа комплетно преработени и не можеа повеќе. И таа умре. Таа е единствена личност што знам дека починала од ковид, но не од ковид вирусот, туку од ковид карантинот!

И всушност, слушам за сѐ повеќе и повеќе случаи на луѓе кои умираат поради карантините. Ќе имаме цунами од смртни случаи со кои ќе мораме да се справиме.

И сега го имаме Борис (Џонсон), се извинувам, тој некомпетентен идиот, што излегува и кажува дека ќе воведе повеќе рестрикции. Дали има воопшто некаква идеја што се случува? – завршува оваа храбра жена со едно навистина големо срце.

Во продолжение погледнете го целосното видео во оригинал:

https://fb.watch/9NDkHtrN8O/

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!