ilon mask

НИКОГАШ ПОГОЛЕМА ПАНИКА ВО БРИСЕЛ! ЕВРОПРАТЕНИЦИТЕ ГО ПОВИКУВААТ ИЛОН МАСК НА СОСЛУШУВАЊЕ БИДЕЈЌИ СТРАВУВААТ ОД УКИНУВАЊЕ НА ЦЕНЗУРАТА

Европратениците на центристичката група Обнови ја Европа побараа мултимилијардерот Илон Маск да биде сослушан во Европскиот парламент за да дознаат повеќе за неговите намери како нов сопственик на социјалната мрежа „Твитер“ и да го потсетат на неговите обврски.

Vesnik broj 3-naslovna - Copy3

„Иако сè уште не знаеме целосно кои се намерите на новиот сопственик на „Твитер“, неговите досегашни изјави и постапки предизвикуваат загриженост“, велат од таа група, трета по големина во Европскиот парламент, во писмо до претседателката на ЕП Роберта Мецола.

„Постојат добри причини да се верува дека сегашните стандарди на „Твитер“ би можеле да бидат ослабени во време кога борбата против мешањето во изборите, дезинформациите и говорот на омраза е поважна од кога било досега“, наведуваат европратениците во писмото потпишано од потпретседателката на групата, Дита Чаразнова и европратеничката Софи ин’т Велд.

Таа пратеничка група бара од претседателката на ЕП, Роберта Мекола, да го покани Илон Маск на сослушување во Европскиот парламент, за да го потсети на неговите обврски според регулативите на ЕУ и Кодексот на добра пракса од 2022 година во врска со дезинформациите.

„Без оглед на одлуките на Маск, нашето мото ќе остане: Нашиот континент, нашите правила. Треба да бидеме убедени дека „Твитер“ ќе продолжи да дејствува против дезинформациите и говорот на омраза“, напиша претседателот на групата, Стефан Сежурне.

Најбогатиот човек на светот на 28 октомври го презеде управувањето со „Твитер“ кој го купи за 44 милијарди долари и веднаш го распушти одборот на директори, отпушти менаџери и половина од 7.500 вработени.

Маск се залага за „визија за апсолутна слобода на изразување“ која, според неговите критичари, може да ја отвори вратата за секаков вид „застранување“.

Еврокомесарот Тиери Бретон веќе го предупреди Маск дека треба да ја почитува неодамна усвоената регулатива на ЕУ за големите технолошки платформи.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!