israel covid

НОВА ИЗРАЕЛСКА СТУДИЈА: РИЗИКОТ ОД KOBИД РАСТЕ КАЈ ЛИЦАТА КОИ СЕ PEBAKЦИHИPAHИ!!!

Имунитетот против инфекциите на Kовид добиен со вакцините слабее со текот на времето, покажува уште една нова студија.

Истражувачите од Leumit Health Services во Израел и Американскиот национален институт за здравје (NIH) ги набљудувале лицата кои се вакцинирани со Фајзер вакцината против Kовид. Со тоа откриле дека 90 дена после примањето на втората доза, ризикот од заразување со вирусот расте повеќе од два пати, а уште се покачува после 6 месеци.

Процентот на позитивни тестови на Kовид се зголемил за 2,4% после 90 дена, а за 10,6% после 150 дена.

Израел беше една од првите држави која ја воведе Фајзеровата вакцина против Ковид во декември 2020, а САД не заостанаа премногу. Оваа земја доживеа одново пораст на бројот на случаи во септември, додека заразите сега растат и во САД. Истражувачите велат дека одредувањето на ризикот од инфекцијата по поминувањето на одредено време од втората доза може да доведе до важни информации за оптималното време за примање на третата.

positive for sars

За студијата, овјавена во The BMJ, тимот ги погледнал електронските здравствени картони на 80,057 возрасни личности во Израел. Сите возрасни личности биле потполно вакцинирани со вакцината на Фајзер и немале историја на инфекција од Ковид 19.

Од ова група, 7,973 или 9,6% на крајот биле позитивни на тестот за Ковид 19.

После споредувањето на пациентите со контролната група на иста возраст и иста расна/етничка припадност, истражувачите откриле дека процентот на позитивни тестови на Ковид се зголемува со тек на времето што поминало од денот на примање на втората доза.

Помеѓу 21 и 89 ден после втората доза, само 1,3% тестови биле позитивни.

Меѓутоа, помеѓу 90 и 119 дена подоцна, овој процент се зголемил на 2,4% и само продолжува да се зголемува. Вкупно 4,6% од луѓето биле позитивни на тестовите 120 до 149 дена после втората доза, покачувајќи се на 10,3% 150 до 179 дена поодоцна и на 18,5% на поминати 180 денови или повеќе.

Затоа истражувачите го пресметале ризикот од инфекцијата во сите старосни групи во споредба со 90 дена после втората доза. Тие откриле дека ризикот од инфекцијата е 2,37% поголем помеѓу 90 и 119 дена после завршетокот на ревакцинирањето.

Ова само се наставило да се покачува на 2,66 пати поголем ризик после 120 до 149 дена, 2,82 пати повеќе ризик после 150 до 179 дена и 2,82 пати повеќе ризик за заразување после 180 или повеќе дена.

Истражувачите велат дека би можело да постојат и други фактори кои делуваат на зголемување на ризикот и процентот на позитивни тестови, вклучувајќи ја големината на семејството и варијантите на ковид.

“Во оваа ретроспективна голема студија, спроведена на поединци кои примиле две дози од вакцината, се чини дека заштитата со текот на времето се намалува, а ризикот за добивање на инфекцијата прогресивно се зголемува”, напишале авторите.

Минатата недела, американската FDA ја одобрила Фајзеровата дополнителна вакцина против Ковид за сите потполно вакцинирани возрасни личности од 18 и повеќе години после шест месеци после почетниот режим.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!