НОВА СТУДИЈА ДОДАВА НА РАСТЕЧКИОТ БРОЈ НА ДОКАЗИ ШТО СУГЕРИРААТ ДЕКА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ МАCКИ СЕ НЕЕФИКАСНИ

НОВА СТУДИЈА ДОДАВА НА РАСТЕЧКИОТ БРОЈ НА ДОКАЗИ ШТО СУГЕРИРААТ ДЕКА ЗАДОЛЖИТЕЛНИТЕ МАCКИ СЕ НЕЕФИКАСНИ

Една нова студија објавена овој месец открива дека задолжителните маски за КOВИД-19 во училиштата имаат многу малку или никаков ефект. „Нашите наоди придонесуваат за се поголемиот број стручна литература што сугерира дека задолжителните маски во училиштата немаат никакво влијание врз стапката на случаи на КOВИД-19 кај учениците во возрасната група 5-18“, истражувачите од Универзитетот во Јужна Калифорнија и Универзитетот во Калифорнија – Дејвис рекоа во студијата.

Истражувачите анализираа две училишни области во Фарго, Северна Дакота, од кои во едната имаше задолжително носење на маска, а во другата не – во текот на учебната 2021-2022 година. „Не забележавме значајна разлика помеѓу стапките на случаи кај учениците додека областите имаа различни политики за задолжителни маски“, забележаа тие, додавајќи дека „влијанието на задолжителните маски во училиште врз преносот на КOВИД-19 кај децата не е целосно востановено“ во услови на задолжителни маски на национално ниво. Голем број други студии не пронајдоа врска помеѓу маските и падот на случаите на КOВИД-19.

Во една друга студија друга објавена во мај, истражувачите открија дека правилата за маски и вaкцини КOВИД-19 имплементирани од Универзитетот Корнел имале многу ограничено влијание врз преносот на Омикрон кон крајот на 2021 и 2022 година. „Искуството на Корнел покажува дека традиционалните интервенции во јавното здравство не се моќни да се справат со ширењето на Омикрон. Иако вaкцинацијата штитеше од тешка болест, таа не беше доволна за да се спречи брзото ширење, дури и кога се комбинираше со други мерки за јавно здравје, вклучително и широко распространето тестирање“, се вели во научниот труд.

И истражувачите во Шпанија открија дека маските за децата во Шпанија не се поврзани со пониска стапка на случаи или пренос на КOВИД-19. Во евалуацијата на учениците од училиштата, децата на возраст од 6 и повеќе години во Каталонија требаше да носат маски откако училиштето повторно се отвори за време на пандемијата со КOВИД-19, велат истражувачите. Истражувачите ја споредија инциденцата на КOВИД-19 кај постарите деца со помалите деца за да се обидат да утврдат дали маските биле ефективни во целта да се намали преносот на вирусот кој предизвикува КOВИД-19. Нивната студија идентификуваше многу помала стапка на случаи во предучилишна возраст, каде што немаше маски – во споредба со постарите возрасни групи од кои се бараше да носат маски. Петгодишниците, на пример, имале инциденца од 3,1 отсто, додека 6-годишниците имале инциденца од 3,5 отсто.

„Долго пред КOВИД-19 беше познато дека маските за лице не прават ништо“, изјави пензионираниот потпретседател на Pfizer, Мајкл Једон, токсиколог и специјалист по алергологија. „Многумина не знаат дека сините медицински маски не се филтри. Вашиот вдишан и издишан воздух се движи внатре и надвор помеѓу маската и вашето лице.“

Извор: https://www.theepochtimes.com/new-study-adds-to-growing-body-of-evidence-suggesting-mask-mandates-are-ineffective_4607897.html

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!