karantinot i mentalnoto zdravje

НОВА СТУДИЈА ПОКАЖУВА ДЕКА ЗАКЛУЧУВАЊАТА ПРОТИВ ВИРУСОТ ПРЕДИЗВИКАЛЕ ДОЛГОРОЧНИ ПРОБЛЕМИ СО МЕНТАЛНОТО ЗДРАВЈЕ НА ТИНЕЈЏЕРИТЕ

Една нова студија објавена на 13 јули од Медицинската филијала на Универзитетот во Тексас (UTMB) откри како пaндемските ограничувања му наштетиле на менталното здравје на тинејџерите и потенцијално може да имаат долгорочни последици.

Училиштето спроведе истражување на речиси 1.200 тинејџери од Хјустон. Покажа како ограничувањата на KOBИД-19 сериозно влијаеле на менталното здравје на тинејџерите со зголемување на стресот, анксиозноста, осаменоста, изолацијата и депресијата. Покрај тоа, „адолесцентите кои не го ограничиле своето дружење пријавиле дека користеле различни супстанции“, се вели во студијата.

Вонреден декан за истражување на UTMB, Џеф Темпл, рече дека повеќето тинејџери ќе бидат добро, но други ќе се борат со години.

Некои знаци кои треба да ги барате се: промени во однесувањето, нови навики на спиење, губење на интерес за активности и нови пријатели.

Автори: Џеф Р. Темпл, д-р, Елизабет Баумлер, д-р Лејла Вуд, д-р Шенон Гило-Рајт, д-р Елизабет Торес, М.П.Х., Мелани Тиел, М.П.Х.

DOI: https://doi.org/10.1016/j.jadohealth.2022.05.025

Студија објавена на 13.07.2022.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!