novak dzokovic

НОВАК ЃОКОВИЌ ЗА СПОРТСKИТЕ САНКЦИИ: НЕ СЕ СОГЛАСУВАМ СО ЗАБРАНАТА ЗА РУСИТЕ И БЕЛОРУСИТЕ, ТОА НЕ Е ЧЕСНО

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска на прес-конференцијата во Лондон изјави дека мотив на претстојниот Вимблдон ќе биде тоа што американските власти не му дозволуваат да влезе во земјата. Тој додаде дека не се согласува со одлуката на Вимблдон да им забрани на Русите и Белорусите да учествуваат.

Којзнае колку пати Ѓоковиќ го осуди односот кон Русите и Белорусите.

„Не се согласувам со забраната Русите и Белорусите да не играат. Не гледам што се тие виновни за тоа што се случи. Мислам дека тоа не е фер кон нив. Потсетувам дека Србите од 1992 до 1996 година не можеа да се натпреваруваат на меѓународни натпревари, па затоа ги разбирам“, изјави српскиот тениски број еден.

Според сегашните правила, Ѓоковиќ не може да влезе на територијата на САД без доказ за вaкцинација, што значи дека би можел да го пропушти последниот грен слем во сезоната на УС Опен.

„Засега не ми е дозволен влез во САД, па тоа ми е дополнителна мотивација овде. Не можам многу да направам, од американската влада зависи дали ќе дозволи влез на невaкцинирани лица во земјата“, рече Ѓоковиќ.

Освојувачот на 20 Грен слем трофеи изјави дека повеќе не размислува за губење бодови по Вимблдон.

АТП одлучи, поради забраната за учество на руски и белоруски тенисери во Лондон, бодовите од Вимблдон да не се бројат.

„Тоа ќе влијае повеќе на другите тенисери од мене. Не сакам да кажам дека бодовите не се важни, но за мене не се толку важни како порано. Сега веќе не го бркам пласманот како порано, кога сакав да го соборам рекордот на Федерер. Тоа веќе не ми е приоритет. Досега не сум успеал да одбранам 4.000 поени од Австралија и тоа ме погодува. Но, тоа веќе не е моја примарна цел“, призна Новак.

Ѓоковиќ се осврна и на фантастичната сезона на Рафаел Надал, кој ги освои првите два Грен слем турнири, Австралија Опен и Ролан Гарос.

„Имаше операција, пропушти половина година и после тоа се врати и го освои Грен слем. Тоа е импресивно. Симнувам капа за тоа што го направи. Тој е неверојатен шампион, со спектакуларна борбеност. Му се восхитувам. Тој е еден од моите најголеми ривали, но навистина го почитувам“, изјави Ѓоковиќ.

Ривал на српскиот тенисер во првото коло на Вимблдон ќе и биде Сунва Квон од Јужна Кореја.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!