novak djokovic

НОВАК ЈА ПОБЕДИ BAKЦИHAЛНАТА ДИКТАТУРА НА АВСТРАЛИЈА! МЕРКИТЕ СЕ ПРИЛАГОДУВААТ ПОРАДИ НЕГО

Директорот на турнирот Австралија опен, Крег Тајли, вели дека играчите кои ќе се пријават за медицинско ослободување без вакцинација против коронавирус ќе бидат прегледани од независна комисија од три лица.

Од „Тенис Австралија“ најавија дека панелот ќе го сочинуваат лекари од областа на имунологијата, заразните болести и општа пракса, а потегот е договорен во соработка со Министерството за здравство на Викторија.

Тејли претходно изјави дека сите играчи мора да се вакцинираат против коронавирусот, а најмногу се зборуваше во таа прилика токму околу светскиот број 1, Новак Ѓоковиќ, кој одби да го открие својот вакцинален статус.

„Тесно соработувавме со владата на Викторија за да воспоставиме правични и независни протоколи за проценка на барањата за медицински изземања што ќе ни овозможат да се осигураме дека Австралија Опен 2022 година е безбеден и пријатен за сите“, рече Тајли.

„Клучот за овој процес е што одлуките ќе ги носат независни медицински експерти и дека секој апликант ќе добие соодветно внимание.”

Турнирот во Мелбурн Парк, првиот Грен слем годинава, треба да започне на 17 јануари.

Кандидатите кои ќе ја поминат почетната фаза ќе бидат подложени на втора ревизија од комисија од медицински експерти назначена од владата, пред да аплицираат во Австралискиот регистар за имунизација.

Сите поднесоци ќе бидат доверливи и приватноста на сите ќе биде заштитена, без да се открие статусот на вакцинација.

Мартин Пакула, министерот за спорт на државата Викторија, рекол дека процесот може да биде преседан за други големи настани.

„Среќни сме што има одредена строгост околу процесот, мислиме дека тоа води до најдобри можни исходи. Секој го сака најбезбедниот можен настан за играчите и навивачите. Тоа го вклучува најригорозниот процес на медицинско ослободување“, изјавил Пакула.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!