НОВО НОРМАЛНАТА ГЕРМАНИЈА! С.Џ. ХОПКИНС: „РАЈХОТ ПОЛУДЕ“

НОВО НОРМАЛНАТА ГЕРМАНИЈА! С.Џ. ХОПКИНС: „РАЈХОТ ПОЛУДЕ“

Значи, официјално e. Во среда, на 24 август, германскиот Бундестаг на „Новото Нормално“ стави печат на најновата владина ревизија на таканаречениот „Закон за Заштита од Инфекции“ (т.е. Законот на Ново Нормалната Германија), кој ќе овозможи континуирано гонење на „Невaкцинираните“ (т.е. во Ново Нормалната Германија Untermenschen (Подлуѓето)), задолжително носење маски (т.е. симболот за идеолошка усогласеност на Ново Нормалниот Рајх низ целиот свет), забрана на протести против новото нормално (т.е. новата официјална идеологија на Германија), и разни други „итни мерки“.

Овие „итни мерки“ се наводно дизајнирани да го заштитат германскиот народ од „закана по здравјето“ која (а) не постои; (б) огромното мнозинство на други земји во Европа и остатокот од светот конечно признаа дека не постои; (в) никогаш не постоел на прво место; и (г) ниту најфанатичните култисти на Кoвид сè уште не можат да се преправаат дека презентираат веродостоен аргумент за неговото постоење без да звучат како тешко когнитивно оштетени лица.

На пример, Карл Лаутербах (кој сè уште поради некоја причина е официјален министер за здравство на Германија, и покрај фактот што секојдневно ја лаже јавноста и поттикнува омраза кон „невaкцинираните“ како реанимираниот труп на Јозеф Гебелс повеќе од две години) објасни зошто Германија продолжува со својот план за присилна „вaкцинација“ на целото население, одново и одново. Според Лаутербах, „вaкцините“ предизвикуваат „повеќекратно вaкцинираните“ лица побрзо да развијат симптоми на болеста, така што тие остануваат дома и на тој начин се помога да се „ограничи пaндемијата“, додека „невaкцинираните“, бидејќи се „асимптоматски“, безгрижно одат наоколу заразувајќи ги „вaкцинираните“, што не би го направиле доколку биле „мултикратно вaкцинирани“, бидејќи би биле дома страдајќи од симптоми слични на грип. Вaкцинираните беа уверени дека „вaкцините“ ќе ги заштитат од страдање, но што всушност ги натерале да страдаат побрзо.

Еве доказ дека ваква изјава навистина постои, објавено на Коловрт:

Добро, во овој момент, знам дека веројатно прашувате: „зошто германскиот народ не побара отстранување на овој очигледно пореметен кловн од функцијата?“ Па, за жал, проблемот не е само во Карл Лаутербах. Тоа е, исто така, Олаф Шолц, канцеларот на Германија, Марко Бушман, министерот за правда и остатокот од владата на Новo Нормалната Германија и огромното мнозинство од германскиот народ, кои се чини дека се подготвени да се однесуваат како остатокот од светот да не постоеше, и безумно следи наредби, колку и да е целосно апсурдно.

На пример, ако летате за Нова Нормална Германија од некоја друга земја каде што преовладува реалноста, во моментот кога вашиот авион ќе влезе во германскиот воздушен простор, од вас се бара да ставите маска со медицински изглед, а не само некоја стара маска со медицински изглед, туку парче за филтрирање FFP2 како што е дефинирано со стандардот EN 149, за кој е докажано дека ве штити од BA.5 варијантата на Оmicron варијантата на варијантата SАRS CоV-2 (т.е. оригиналната варијанта Cоvid-19) од страна на „Моделот на Златен Сириски Хрчак“, според германските Ново Нормални Власти.

Се разбира, овој мандат на маски не се однесува на владините функционери и нивните гласноговорници во германските медиуми, од кои цел авион штотуку полета од Нова Нормална Германија до Нова Нормална Канада и назад во состојба на потполно НЕносење на маски.

И тоа е само еден од бројните примери на фашистичкиот дух што ја зафати земјата во која доброволно емигрирав пред речиси точно 18 години, а која сега веќе не ја препознавам. Еве уште еден, кој ќе ви го преврти стомакот. Тоа е видео клип од офицер на Гестапо на Дојче Бан (новосоздадена официјална позиција порано позната како „кондуктер на воз“) како „лае“ и и наредува на жена без маска, постојано и одново, како во филм на Спилберг, а потоа конечно и физички ја напаѓа…

Мислам дека тоа ќе биде доволно во однос на примерите на атмосферата овде во Нова Нормална Германија.

Сега, верувале или не, се обидов да му дадам на германскиот народ корист од сомнежот (т.е. како народ) во последните две и пол години. Секако, повремено го споредував нивното однесување со однесувањето на германскиот народ за време на нивното непријатно (т.е. нацистичко) минато, и ја споредив еволуцијата на Нова Нормална Германија со раните денови на нацистичка Германија на… ОК, во повеќе прилики, но нагласив дека ова вознемирувачко фашистичко, безумно, наредбоследачко однесување нема никаква врска со германскиот карактер сам по себе, затоа што видовме идентично вознемирувачко фашистичко, безумно, наредбоследачко однесување еруптира во земјите низ целиот свет, но, во овој момент, ако германскиот народ продолжи да се однесува на вознемирувачки фашистички, безумен, надебоследачки начин, додека луѓето ширум остатокот од светот го извршуваат својот секојдневен живот без да мора да ги покажат своите „документи за вaкцинација“ на на некои луѓе ќе им биде дозволено да влезе во кафуле и да се напијат кафе, а инаку жиивејат во повеќе или помалку, општества без маски, пост-маскирна-хистерично-параноична состојба… ако Германците се спремни да продолжат да го прават тоа (т.е. да се однесуваат имајќи ја предвид гореспоменатата бесмислена фашистичка, обожувачка на авторитет, застрашувачка мода и се прават за потсмев на светот), веќе нема да бидам толку добар. Ќе ги наречам со некои погрдни имиња. Ќе го доведам во прашање нивниот карактер како народ. Јавно ќе шпекулирам што точно не е во ред со нив.

Се надевам и се молам да не морам да го правам тоа. Имаме околу еден месец пред да стапат на сила новите „ограничувања“. Што е доволно време за германскиот народ да се крене и да стави крај на сето ова. Моите германски пријатели ме уверија дека германскиот народ нема да го стори тоа, но што можам да кажам? Јас сум безнадежен оптимист.

Во секој случај, ќе ве известувам… освен, се разбира, ако не ме уапсат за „делегитимирање на демократската држава“ или „релативизирање на холокаустот“ или што и да е.

Во меѓувреме, уживајте во крајот на летото и не грижете се премногу за тоа што се случува овде во Нова Нормална Германија, или во Нова Нормална Канада, или Нов Нормален Вашингтон, или каде било. Сè е завршено сега, главно, нели, целиот Нов Нормален кошмар, нели? Никогаш, никогаш повеќе не би го направиле тоа… не каде и да живеете, нели?

Пишува: C.J. Hopkins

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!