ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НАЈМИЛЕ НАД 100.000 ЛУЃЕ ДА ЈА ПОТТИКНУВААТ KOBИД АГЕНДАТА НА ВЛАДИТЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ НАЈМИЛЕ НАД 100.000 ЛУЃЕ ДА ЈА ПОТТИКНУВААТ KOBИД АГЕНДАТА НА ВЛАДИТЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Во екот на пaндемијата, Обединетите нации регрутираа над 100.000 „интернет ботови“ за да го поттикнат наративот на естаблишментот за KOBИД-19 преку социјалните медиуми.

Откритието всушност излезе во октомври 2020 година за време на подкастот на Светскиот економски форум наречен „Бараме лек за инфодемијата“, иако денес истото станува вирално и достапно на Твитер.

Во подкастот, Мелиса Флеминг, шеф на глобалните комуникации за Обединетите нации, објаснува како пaндемијата на KOBИД и заклучувањата создадоа „комуникациска криза“ покрај вонредната состојба на јавното здравство.

Флеминг призна дека со цел да се бори против таканаречените „дезинформации“ за пaндемијата, ОН најмиле 110.000 луѓе за да ги засилат нивните пораки преку социјалните медиуми.

„Досега, регрутиравме 110.000 волонтери за информации, и ги опремуваме овие информативни волонтери со вид на знаење за тоа како се шират дезинформациите и бараме од нив да служат како вид на „дигитални воини“ во оние простори каде што патуваат дезинформациите“, наведе Флеминг.

Тоа беше пред речиси 2 години. Не е познато колку „дигитални воини“ се регрутирани до овој момент.

Слични напори да се создадат кампањи за астротурф (креирање на јавното мсилење врз база на лажни информации) за да се поттикне конкретна порака не се ништо ново, но кога ентитети како нафтените компании се вклучат во тоа, тие се критикувани за „местење“ на дискусијата.

Меѓутоа, кога глобалистичките технократи во ОН или СЕФ го прават тоа, очигледно е во ред.

Минатата година беше откриено дека британската влада користела „пропагандистичка“ тактика на страв за да ја исплаши јавноста за масовно усогласување за време на првото заклучување на КОВИД, според научник за однесување кој работел на Даунинг Стрит.

Научниците во Обединетото Кралство кои работат како советници за владата признаа дека користеле, што подоцна се сложија дека се, „неетички“ и „тоталитарни“ методи за влевање страв кај населението со цел да се контролира однесувањето за време на пандемијата.

Како што претходно нагласивме, Светскиот економски форум сега се залага за спојување на системи на човечка и вештачка интелигенција за цензурирање на „говорот на омраза“ и „дезинформациите“ на интернет пред да се дозволи нивно објавување.

Во она што некои го нарекоа „превентивна цензура“, СЕФ создава систем што би го блокирал појавувањето на објавите доколку не го искористат филтерот за цензура.

Се разбира, СЕФ, кој е познат по тоа што ги блокира своите критичари на Твитер, никогаш не би го злоупотребил таков систем за да се заштити од преиспитување…

И сега кога сево ова е јавно и официјално, некако и ми е жал за македонските факт-чекери, кои за обични трошки, или само неколку илјадници денари со кои тешко можат да го поминат месецот, СЕ ПРОДАДОА на некои вакви структури, односно нивните богати посредници…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!