ОЧЕКУВАМЕ ОД СПЦ ПРЕДЛОГ ДО ЦАРИГРАД ЗА АВТОКЕФАЛЕН СТАТУС НА МПЦ-ОА ДО КРАЈОТ НА МАЈ, ВЕЛИ ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ

ОЧЕКУВАМЕ ОД СПЦ ПРЕДЛОГ ДО ЦАРИГРАД ЗА АВТОКЕФАЛЕН СТАТУС НА МПЦ-ОА ДО КРАЈОТ НА МАЈ, ВЕЛИ ВЛАДИКАТА ТИМОТЕЈ

Синодот на Македонската православна црква- Оридска архиепископија очекува до крајот на месецов Српската православна црква до Вселенската патријаршија да испрати предлогот за автокефален статус на македонската црква. Митрополитот и портпарол на Синодот, владиката Тимотеј, на прашање на новинарите дали ставот на СПЦ во поглед на МПЦ значи враќање назад кон автономијата од 1959 година или е чекор напред, Тимотеј е категоричен: „Тоа е апсолутно голем чекор кон решавање на статусот што го чекаме 55 години. Ние бараме автокефалност”.

„За автокефален статус е потребно да се исполнат 9 – 10 точки, услови. Очекуваме од СПЦ, како од црква од која се одделуваме, на Вселенската патријаршија да ѝ предложи доделување автокефален статус , што треба да го одобрат сите православни цркви, а потоа Вселенскиот патријарх да издаде томос кој треба да биде потпишан од него и од епископот на СПЦ“, рече Тимотеј.

Владиката на почетокот од изјавата за медиумите информира дека Синодот на МПЦ-ОА на денешната седница одлучил да ја прифати поканата на поглаварот на СПЦ Порфирије за сослужување со СПЦ утре во соборниот храм „Свети Сава“ во Белград. Делегацијата ќе ја предводи поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан, а во неа ќе бидат и тројца од повозрасните владици.

„Тоа ќе биде воспоставување на евхаристичко единство со сиот православен свет“, рече владиката Тимотеј.

– СПЦ треба да извести Цариградската патријаршија и другите православни цркви, па во согласност на сите останати да се издаде Томосот. Тој Томос треба да го потпише вселенскиот патријарх Вартоломеј и српскиот патријарх Порфириј. Се надеваме дека до крајот на месецов ќе го добиеме Томосот – истакна г. Тимотеј.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!