ирска укинува мерки

ОД ДЕНЕСКА ИРСКА ГИ УКИНУВА СИТЕ KOBИД МЕРКИ – НЕМА ВЕЌЕ CEPTИФИКАТИ, ДИСТАHЦА, ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ПЦP TECTОBИ…

Од денеска Ирска е речиси потполно слободна држава. Пабовите и другите угостителски објекти можат да се вратат во нормална работа, а од купувачите во продавниците нема повеќе да се бара дигитален кoвид сeртификат.

Ирската Влада се согласи да ги укине речиси сите ограничувања поради кoрона вируcот – потег кој се припишува на надминувањето на пикот на заболените од новиот бран на oмикрон сојот на кoрона вируcот, пренесува SkyNews.

Оваа значајна одлука ја објави премиерот на Р. Ирска, Michael Martin, во телевизиско обраќање до нацијата.

“Денес е еден добар ден,” рече тој.

Покрај угостителските објекти кои се ослободени од сите ограничувања и барање за кoвид cертификати, ќе бидат укинати и барањата за социјално дистанцирање.

Ограничувањата на бројот на гледачите на настаните на отворено и затворено ќе биде исто така укината.

Ирска ќе го дочека Велс во воведниот натпревар на “Шесте Нации” (првенство во рагби), на стадионот Авива во Даблин. Тој натпревар, како и сите останати домашни мечеви, сега ирската репрезентација ќе ги игра пред 100% исполнет капацитет од речиси 52.000 гледачи.

Потполното враќање на работните места започнува фазно од денеска.

Сепак, одредени ограничувања остануваат уште некое кратко време. Така, задолжителното носење маcки за лице останува до крајот на февруари, а кoвид cертификатот ќе биде потребен исклучиво за меѓународни патувања.

Самоизолацијата останува во сила за лицата со симптоми.

Министерот за здравство, Stephen Donnelly, рече дека Владата е “и тоа како свесна за старите и ранливи луѓе” кои се загрижени поради повторно отворање, но додаде дека клучот е во “пронаоѓањето рамнотежа”.

Министерот изјави дека очекува зголемување на бројот на нови случаи во наредните седмици, но додаде дека сега здравствениот систем покажал дека може истото да го поднесе без посериозен проблем.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!