epidemiolog jeil

ЕПИДEMИOЛOГ ОД ПРЕСТИЖНИОТ УНИВЕРЗИТЕТ ЈЕИЛ: „KOBИД 19 Е ПAHДЕMИJA НА СТРАВ ПРОИЗВЕДЕНА ОД ВЛАСТИТЕ“ (ВИДЕО)

Д-р Харви Рич од Одделот за епидемиологија на Јеил го објаснува ефектот на оваа “пандемија на стравот” врз зголемувањето на анксиозноста кај луѓето, од неоправдани причини.

“Ковид 19 беше една од пандемиите на страв, произведена од поединци кои беа на номинални позиции на моќ,” вели овој епидемиолог.

Појавувајќи се на American Thought Leaders на Epoch TV, Риш, професор по епидемиологија на Факултетот за јавно здравје Јеил и Одделот за епидемиологија и јавно здравје на Медицинскиот факултет на Јеил, рекол дека тоа е главно она што ја карактеризира целата ККП (пандемија на кинеската комунистичка партија), “степенот на страв и одговорот на луѓето на стравот“.

„Сè на сè, би рекол дека имавме пандемија на страв. „И стравот ги погоди речиси сите, додека инфекцијата погоди релативно малку луѓе“, рекол Риш.

„Генерално, тоа беше и тоа како избрана пандемија и предвидлива. Многу се разликуваше помеѓу младите и старите, здравите и луѓето со хронични заболувања. Толку брзо дознавме кој е во опасност од пандемијата, а кој не.

„Сепак, стравот се создава кај сите. И тоа е она што ја карактеризира целата пандемија, а тоа е степенот на страв и реакцијата на луѓето на стравот“.

Риш е автор на повеќе од 300 оригинални рецензирани публикации и претходно бил член на уредувачкиот одбор на Американскиот весник за епидемиологија.

Професорот по епидемиологија сугерирал дека поединците кои имаа номинални позиции на моќ за време на почетокот на пандемијата во март 2020 година, шират многу полоша слика за „страшната природа“ на вирусот отколку што беше оправдано.

Ова ја вклучуваше пораката дека сите се во опасност, дека секој може да умре од вирусот и дека секој мора да остане во своите домови за да се заштити, а со тоа и да го заштити општеството.

„Луѓето прилично се плашеа од таа порака… Владата, властите, научниците, медицинските лица задолжени за јавните здравствени установи, сите тие ја кажаа истата порака почнувајќи од февруари, март минатата година. И така, сите некако верувавме во ова“, рече тој.

Во првите два месеци од пандемијата, беа применети строги мерки за заклучување и обврски за маски за да се спречи преносот на Ковид 19 во Соединетите држави и низ целиот свет. Риш рекол дека различните пораки издадени од властите доведоа до широко распространето, покачено ниво на анксиозност.

”Анксиозноста беше подигната на високо ниво и сите ние донесовме одлуки да ја намалиме, до различен степен, нашата изложеност на други луѓе, некои повеќе од другите, но мислам дека сите ние имавме нивоа на анксиозност што навистина влијаеше на начинот на кој живеевме за време на тој период,“ изјавува Риш.

Во меѓувреме, претседателот Џо Бајден рекол дека 96 до 98 отсто од Американците треба да се вакцинираат против Ковид-19 пред нацијата „да се врати во нормала“, охрабрувајќи ја реториката дека невакцинираните Американци се виновни за забавување на економското закрепнување на нацијата.

Според Американскиот центар за контрола и превенција на болести (СВС), од 4 декември, нешто повеќе од 70 отсто од возрасните Американци биле целосно вакцинирани против вирусот, додека 23,9 отсто добиле дополнителна доза.

„… Луѓето треба да се лутат поради ова… бидејќи овие лекови (хидроксихолохин, ивермектин) се потиснати од причини кои немаат никаква врска со науката“;

Гледајте го целосното интервју со епидемиологот од Јеил, д-р Харви Риш или погледнете го и прочитајте го целосниот транскрипт на Epoch TV.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!