letacki avtomobil

ОД СЕГА МОЖЕ ДА КУПИТЕ ЛЕТЕЧКИ АВТОМОБИЛ КОЈ ИЗГЛЕДА КАКО ВСЕЛЕНСКО ЛЕТАЛО ОД ВОЈНА НА ЅВЕЗДИТЕ

Заборавете на Tesla Cyberquad ATV на Елон Маск затоа што сега е достапен нов облик на превоз за offroad ентузијастите и изгледа како нешто од Star Wars.

Шведскиот Jetson Aero го започнал производството на лични електронски авиони за вертикално полетување и слетување (eVTOL) кои ќе летаат со брзина од 63 км/ч.

Jetson One eVTOL е октокоптер со четири краци кој произведува 88 kW ( 118 конски сили) при полн гас.

Пилотот се наоѓа во оквир од алуминиум/карбонски влакна и го контролира леталото преку рачки за гас од левата страна, џојстик на десната страна и неколку педали, кои веројатно го контролираат вртењето.

Според веб страницата за автомобили Autoevolution, ”компанијата Jetson Aero изјавила дека лесно може да се искачи и до 1500 метри со Jetson One.” Досега, видео снимките го прикажуваат само eVTOL кој се движи со голема брзина на мали висини.

Некој кој е тежок одприлика 85кг може да очекува 15-20 минути лет пред да треба батериите повторно да се наполнат.

New Atlas најавил да eVTOL доаѓа 50% изграден, а веројатно газдите ќе мора да ги состават останатите делови.

Од таа причина, леталото веројатно ќе лета во ”експериментален” режим каде на пилотите не им е потребна дозвола за летање.

Што се однесува на цената, депозид од 22 000 американски долари на некој ќе дадат право да резервира место за изградбата кој ќе трае до 2023.

Засега останати се само три готови. За произведување во 2022, вкупно 12, се веќе осигурани од луѓе ширум светот, вклучувајќи неколку од нив од Калифорнија.

Се чини дека персоналот eVTOL е следниот голем тренд во транспортот кој ќе воведе нов начин со кој луѓето (богатите луѓе) ќе патуваат на работа во иднина.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom