ОД ШТО СЕ ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ? (СТУДИЈА)

ОД ШТО СЕ ЗАГАДУВА ВОЗДУХОТ ВО СКОПЈЕ? (СТУДИЈА)

Согорување на биомасата претставува најголем извор на загадување на амбиенталниот воздух се наведува во заклучоците на Студијата за извори на загадување на воздухот во Скопје, која ја изработи Универзитетот „Гоце Делчев” во Штип и во која прецизно се анализирани и утврдени поединечните извори и видови загадувачи.

На вчерашната презентација на заклучоците од Студијата, беше истакнато дека градежништвото е сериозен учесник во загадувањето, односно дека минералната прашина, посебно во текот на летните месеци, сериозно учествува во загадувањето на воздухот. Воздухот се загадува и од користење на автомобилите, за што е неопходно да се подигне јавната свест за поголемо користење јавен превоз и велосипед.

Градоначалничката Данела Арсовска се осврна на повеќе проекти кои ги спроведува Градот за зачувување на животната средина.

„Во Град Скопје се отпочнува со најголемиот еко – капитален проект во регионот, а тоа е пречистителната станица, инвестиција што Градот Скопје ја спроведува со поддршка на Европската инвестициска банка која што практично ќе придонесе за прочистување на над 90 проценти од урбаните отпадни води и значително ќе придонесе на подобрување на животната средина. Отпочнуваме со првиот од низата мега-паркови и тоа во општината Ѓорче Петров, што ќе биде вториот од ваков тип, покрај Градскиот парк, а понатаму следат уште четири вакви мега-паркови на територијата на Скопје,“ истакна Арсовска.

Ќе дишат ли некогаш Скопјани чист зимски воздух?!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!