ОД УТРЕ ОСНОВЦИТЕ БЕЗ МАСКИ ВО УЧИЛИШТЕ, БЕЗ СЕРТИФИКАТ НА ОТВОРЕНО! СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ДЕЈНОСТИ И НАТАМУ ЖРТВИ НА ЛУДИЛОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

ОД УТРЕ ОСНОВЦИТЕ БЕЗ МАСКИ ВО УЧИЛИШТЕ, БЕЗ СЕРТИФИКАТ НА ОТВОРЕНО! СРЕДНОШКОЛЦИТЕ И ОСТАНАТИТЕ ДЕЈНОСТИ И НАТАМУ ЖРТВИ НА ЛУДИЛОТО НА ЗДРАВСТВЕНИТЕ ВЛАСТИ

Владата денеска ја прифати препораката на Комисијата за заразни болести, дадена пред речиси две недели.

Тоа значи дека почнувајќи од утре, учениците во основните училишта не е задолжително да носат маски.

Главниот координативен кризен штаб за справување со коронавирусот на крајот од минатата недела ги прифати препораките од Комисијата за заразни болести за укинување на обврската за носење маски во основните училишта, како и препорака за физичко присуство на наставата на факултетите.

Тие прифатија и укинување на сертификатите на терасите од кафулињата, што значи дека од утре на невакцинираните лица нема да им се бара сертификат на отворено.

Ако им требаа само неколку часови да воведат посилни рестриктивни мерки, сега на Владата и беа потребни повеќе од 2 седмици за истите да ги олесни.

Што е уште пострашно, веќе се ближи и крајот на учебната година, а маските за лице кои предизвикуваат толку многу физички, но и психички потешкотии кај сите, а особено на учениците, нема да бидат укинати за средношколците. Нема да бидат укинати ниту за професорите, ниту на сите останати места каде беа задолжителни и досега.

Нема да биде дозволен влез на невакцинираните ниту во затворените места на угостителските објекти.

Нашата екипа прашува во којзнае кој пат: Како е можно група од два-тројца поединци од Комисијата за заразни болести, поедицни кои не се избрани од народот да си поигруваат со Уставот, законите и неотуѓивите човекови права, но и со судбините на 2 милиони жители на Република Македонија? За ова, во блиска иднина, овие поединци можат и кривично да одговараат!

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!