ОД ЗАПАДНИТЕ САНКЦИИ СЕ РАЃА НОВО СИЛНО ПАРТНЕРСТВО: РАСТЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА МЕЃУ КИНА И РУСИЈА

ОД ЗАПАДНИТЕ САНКЦИИ СЕ РАЃА НОВО СИЛНО ПАРТНЕРСТВО: РАСТЕ ТРГОВСКАТА РАЗМЕНА МЕЃУ КИНА И РУСИЈА

Кинеската трговска размена со Русија минатиот месец бележи значаен пораст, во услови кога официјален Пекинг отворено ги критикува санкциите што Западот ги воведе против Москва поради инвазијата врз Украина.

Податоците на кинеските царински служби покажуваат дека минатиот месец севкупната трговска размена со Русија се зголемила за 12,76 проценти, односно на 11,67 милијарди долари. Споредбено со првиот квартал минатата година, тоа е пораст за над 30 отсто.

Русија е главен извезувач на нафта, гас, јаглен и земјоделски производи во Кина.

Пекинг засега одбива да ги нарече руските активности во Украина како инвазија и постојано ги критикува „нелегалните“ санкции на западните држави против Москва.

Пред самиот почеток на воената интервенција во Укрaина, Кина и Русија прогласија „неограничено“ стратешко партнерство.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!