skladiste hlor

ОДАТ НА СÈ ИЛИ НИШТО! УКРАИНЦИТЕ ПЛАНИРААТ ДА ГО ДИГНАТ ВО ВОЗДУХ СКЛАДИШТЕТО СО ХЛОР И ЗА ТОА ДА ГИ ОБВИНАТ РУСИТЕ

„Според потврдени информации, во градот Первомаиски во областа Харков, украинските специјални служби подготвуваат голема провокација со употреба на отров. Припадниците на Украинската служба за безбедност минираа складиште со 120 тони хлор во областа на фабриката Химпром“, изјави на брифинг со новинарите официјалниот претставник на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

Тој прецизираше дека планот е да се разнесе магацинот и да се обвини Русија за предизвикување хемиска катастрофа што би резултирала со смрт на цивили.

Истовремено, Конашенков објави дека ракетите со висока прецизност од воздух го уништиле складиштето за гориво во Чугуев, од каде се снабдувала украинската армија во областа Харков.
На железничката станица Лозова е уништена акумулирана воена опрема и оружје од странско производство испорачано за потребите на украинските вооружени сили.

Северозападно од Доњецк, руски ракети со висока прецизност го уништија командното место на украинската 56-та моторизирана бригада и базата на екстремистите.

Руските сили за воздушна одбрана го соборија украинскиот дрон „Бајрактар“ во областа Харков, додека руските воздушно-космички сили уништија 34 воени објекти во Украина.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!