бројки мз септември

ОФИЦИЈАЛНИ ПОДАТОЦИ НА МЗ: БЕЗ ВАКЦИНА И БЕЗ НИКАКВИ РЕСТРИКТИВНИ МЕРКИ ПЕТ ПАТИ ПОМАЛКУ ЗАРАЗЕНИ И ПОЧИНАТИ ВО РМ ВО ИСТИОТ ПЕРИОД ЛАНИ!

Според официјалните податоци на Министерството за здравство, се чини дека кампањата за вакцинација на населението, како и низата на рестриктивни мерки како забраната за невакцинираните лица да присуствуваат на секаков вид на јавни настани (освен митинзи!), или забраната за влез во угостителски објекти, не ги даваат очекуваните резултати.

Иако ваквите податоци се јавно достапни на сајтот на министерството, никој досега не нашол за сходно да направи една компаративна анализа на бројките на заразени и починати лица од ковид-19, при што би било полесно да се одреди ефикасноста на мерките кои ги носи владата и дали и колкав е резултатот на спроведената имунизација на населението.

Имено, во септември 2020 година, во период кога вакцината сеуште не беше пуштена во оптек, а рестриктивни мерки како забрана за одредена категорија на луѓе да присуствува во некои објекти и на некои јавни настани вооопшто не постоеја, имаме бројка од вкупно 3663 ново-заразени и 136 починати лица од вирусот ковид-19.

Во текот на истиот месец во 2021 година, при целосно имунизирани речиси 35% од населението и низа на рестрикции кои неколку месеци се во сила, имаме официјална бројка од вкупно 14943 ново-заразени и 699 починати лица од вирусот ковид-19.

Останува прашањето зошто министерството сеуште не излегува со свој официјален став околу овие податоци, како и за оние дека Република Македонија се наоѓа во ТОП 5 земјите од светот по смртноста од ковид-19.

Во меѓувреме, низа на експерти инфектолози од калибарот на проф. д-р Вело Марковски ги доведуваат во прашање протоколите за лечење на пациентите во македонските болници.

Иако трендот на заболени и починати лица во октомври годинава е во надолна линија, целосната компаративна анализа со октомври 2020 година ќе ја објавиме на крајот на месецот, при што ќе ја имаме вистинската слика што всушност се случува со ширењето на вирусот ковид-19 во нашата држава.

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom