on evroprajd

ОН ЗАГРИЖЕНИ ЗА ОТКАЖУВАЊЕТО НА ЕУРОПРАЈД – СЕ ПОВИКУВААТ НА УСТАВОТ, А НЕОДАМНА ПРЕПОРАЧУВАА ЗАКЛУЧУВАЊЕ НА ГРАЃАНИТЕ

Обединетите нации, чија подорганизација СЗО препорача воведување дискриминација на граѓаните врз основа на нивните ПЦР тестови и вaкцини и ги поздравија мерките за заклучување додека вршат злосторства низ целата планета преку своите мировни сили на ОН, одеднаш дознаа за човековите права.

ОН во Србија, наводно, се загрижени поради најавената забрана за Европрајд 2022, која треба да се одржи во Белград од 12 до 18 септември.

„Европрајд, кој вклучува бројни настани, е можност за унапредување на правата на ЛГБТИ заедницата и целосна имплементација на антидискриминациската агенда дефинирана во изменетиот Закон за забрана на дискриминација од 2021 година“, посочува Франсоаза Жакоб, постојан координатор на ОН во Србија.

Европрајд е и можност за промовирање на темелите на силно и прогресивно општество засновано на социјална правда, еднаков пристап до сите права, солидарност, пријателство и љубов, пренесува Euronews Србија.

Ваквата забрана може да претставува и повреда на правото на слобода на собирање загарантирано со Уставот на Србија – имајќи ги предвид претходните одлуки на Уставниот суд на Србија од претходните години. Тоа би било против придржувањето на Србија до меѓународните стандарди за човекови права, вклучително и Универзалната декларација за човекови права на ОН и Европската конвенција за човекови права.

Важно е да се заштити достоинството на сите луѓе и да се гарантира еднаквоста на сите граѓани, во законите и практиката. Обединетите нации се загрижени поради постојаното поттикнување на омраза и насилство од страна на мало малцинство гласни поединци и групи што се случи во последните недели. Да ги зближиме луѓето, а не да ги делиме. ОН во Србија ќе продолжи да работи со ЛГБТИ заедницата и нашите партнери за изградба на подобра иднина за сите во која сите се слободни и еднакви.

Веројатно Уставот постои само кога тоа му одговара на налогодавачот од Брисел…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!