viktor orban za vojnata

ОРБАН: УКРАИНА БИ МОЖЕЛА ДА ИЗГУБИ ПОЛОВИНА ОД СВОЈАТА ТЕРИТОРИЈА ПОРАДИ ВОЈНАТА СО РУСИЈА

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека поради војната со Русија, Украина би можела да загуби меѓу една третина и една половина од својата територија.

Како што објави весникот Непсава, Орбан ова го рекол на средба со активисти на партијата ФИДЕС, кои викендов се собраа во одморалиштето Кече кај езерото Балатон, пренесува Тасс.

Орбан оцени дека војната во Украина би можела да се пролонгира до 2030 година и смета дека Украина би можела да изгуби меѓу третина и половина од својата територија и посочи дека тоа би бил локален конфликт доколку не се претворил во глобален на мешањето на Западот, па се вклучи и Европа, која си пукаше во нога со воведување санкции против Русија, пишува унгарскиот весник.

Непсава пренесува дека унгарскиот премиер предупредил дека енергетската криза предизвикана од санкциите оваа зима може да доведе до тоа 40 отсто од европската индустрија да не работи.

Лидерите на Европската унија оваа есен треба да одлучат за продолжување на санкциите против Русија за следните шест месеци, но Орбан порача дека тоа мора да се спречи.

Тој посочи дека е свесен оти во моментов е единствен во Европската унија со таков став, но се надева дека ќе го поддржи Владата на Италија, која ќе се формира по изборите на 25 септември.

Унгарскиот премиер исто така не исклучи дека до 2030 година, под влијание на финансиски шокови, зголемена имиграција и низа други фактори, ситуацијата во ЕУ ќе се промени толку многу што неговата земја ќе мора да размисли дали тоа е целисходно да го продолжи членството во Унијата.

„Ако не добиеме позитивни одговори, ќе треба да донесеме заклучоци“, рече Орбан, пренесува Непсава.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!