ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ВЧЕРА БЕЗ ДДВ, СЕ ОЧЕКУВА НАМАЛУВАЊЕ НА МАЛОПРОДАЖНИТЕ ЦЕНИ

ОСНОВНИТЕ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ ОД ВЧЕРА БЕЗ ДДВ, СЕ ОЧЕКУВА НАМАЛУВАЊЕ НА МАЛОПРОДАЖНИТЕ ЦЕНИ

Дел од основните прехранбени производи од вчера се продаваат со нула проценти ДДВ, а од минатата недела намалени се и маржите. Без ДДВ се продаваат лебот, брашното тип-400, млекото со масленост од 2,8, од 3,2 и од 3,5 проценти масленост, белиот шеќер, сончогледовото масло, месото и други кланични производи за јадење, белиот ориз и јајцата.

Министерот за економија Крешник Бектеши апелира до граѓаните да побараат фискална сметка во маркетите со која ќе видат дали овие производи се со нула проценти ДДВ.

„Апелираме до граѓаните да си ја побараат својата фискална сметка во маркетите,“ порача Бектеши на „Фејсбук“.

Укинувањето на ДДВ-то за основните прехранбени производи е резултат на измените на Законот за ДДВ, предложени од Министерството за финансии како дел од 26-те антикризни мерки за справување со тековната ситуација предизвикана од руско-украинската криза.

Со овие мерки, кои се дел од антикризниот пакет, Владата очекува надолен притисок врз малопродажните цени на основните прехранбени производи со што ќе се делува врз зачувувањето на животниот стандард на граѓаните во услови на криза.

„Покрај оваа мерка, во пакетот 26-те мерки за заштита на животниот стандард и ликвидноста на компаниите е вклучена и мерката за продолжувањето на примената на повластената стапка од 5 проценти на ДДВ кај електричната енергија кон домаќинствата до крајот на 2022 година, како и мерките за намалени акцизи и ДДВ за горивата со кои во моментов Република Македонија има најниски цени на горивата во регионот,“ информираше вчера владината прес-служба.

По руско-украинскиот конфликт и порастот на цената на енергенсите на светските берзи, Регулаторната комисија за енергетика на дневно ниво носи одлука за цената на горивата согласно изменетиот Правилник за одредување на малопродажните цени на нафтените деривати. Според Правилникот, може секој ден да се носат одлуки за промена на цените на горивата доколку пресметката за цената на било кој нафтен дериват оди нагоре или надоле за два денара.

Од Регулаторната комисија за енергетика вчера повторно направија надолна корекција на цената на горивата при што бензините поевтинија за два, а дизелот за три денари по литар. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 81,5, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 76, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 72,5 денари за литар.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!