намибија спутник

ОТКРИЕНА ВРСКА СО ХИВ?! НАМИБИЈА ЈА ЗАБРАНУВА УПОТРЕБАТА НА ОВАА ВАКЦИНА ЗА КОВИД-19!

Намибија ја суспендира употребата на руската вакцина за ковид-19, Спутник В, соопшти нивното министерство за здравство во саботата, само неколку дена по искажаната загриженост од страна на Дирекцијата за лекови на Јужна Африка дека таа веројатно не е безбедна кај луѓето кои имаат повисок ризик од заразување со ХИВ.

Регулаторот во Јужна Африка реши да не ја одобри итната употреба на Спутник В затоа што некои научни студии докажале дека примањето на векторски вакцини со Аденовирус од Тип 5 (како Спутник В), може да доведе до поголема склоност од ХИВ кај мажите!

И Јужна Африка и Намибија имаат високи стапки на ХИВ кај своето население.

Намибиското министерство за здравство, својата одлука да ја прекине употребата на руската вакцина ја оправдува со “претпазливост поради фактот што мажите кои ја примиле Спутник В вакцината, би можеле да имаат поголем ризик од заразување со ХИВ,” додавајќи дека е земен в предвид и извештајот од Дирекцијата за лекови на соседна Јужна Африка.

Рускиот институт Гамалеја, кој ја произведе вакцината Спутник В, изнесе тврдење дека одлуката на Намибија не е базирана на никаков научен доказ или студија.

“Спутник В сеуште е една од најбезбедните и најефикасните вакцини за ковид-19 на планетава,” се вели во изјавата на институтот за Ројтерс, додавајќи дека преку 250 научни студии и 75 меѓународни публикации ја потврдија безбедноста на вакцините и лековите базирани на човечки вектори од аденовирус.

Намибија потврди дека суспензијата ќе започне веднаш и ќе трае се додека Спутник В не добие одобрение за итна употреба од страна на СЗО. Сепак, на оние што веќе ја примиле првата доза ќе им биде овозможена и втората, како би ја комплетирале својата имунизација.

Намибија доби 30.000 дози на Спутник В како донација од владата на Србија, но до 20 октомври употребени се само 115.

Во оваа држава се користат и вакцините од производителот Фајзер, АстраЗенека, Џонсон и Џонсон, како и кинеската Синофарм.

Досега целосно се вакцинирани околу 240.000 од населението од 2.5 милиони луѓе, со што се потврдуваат тешкотиите на африканските држави за прибавување на доволна количина на вакцини за ковид-19.

Засега не се потврдува дали можеби и некои од другите вакцини би можеле да се стават во корелација со поголем ризик од заразување со ХИВ.

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom