masovni provokacii za rusija

ОТКРИЕНО: КИЕВ ПОДГОТВУВА МОНСТРУОЗНИ ПРОВОКАЦИИ, МАСОВНИ УБИСТВА НА ЦИВИЛИ

Киев со поддршка на западните земји подготвува масовно убиство на цивили за што би биле обвинети руската армија и единиците на Луганската Народна Република, изјави началникот на Националниот центар за управување со одбраната на Русија, генерал полковник Михаил Мизинцев.

„Официјален Киев, со поддршка на државите од колективниот запад, продолжува да подготвува монструозни и безмилосни акции за масовни убиства на цивили во Луганската Народна Република со цел да ги обвини руските вооружени сили и Народноослободителната армија“, соопштија генералот.

Помеѓу другото, Мезинцев додаде , во градот Кремена, регионот на Северен Доњецк, допатувале новинари од странските медиуми и се сместиле во зградата на регионалната болница за да снимат однапред подготвена провокација – отварање оган, наводно, врз руски амбулантни возила додека превезувале пациенти.

„Во населбата Белогоровка, регионот Попасњан, неонацистите минираа резервоари со хлор на територијата на каналот за вода, кои планираат да ги кренат во воздух кога единиците на народната милиција ЛНР ќе влезат во градот“, додаде тој.

Дополнително, посочи тој, во селото Раговка во Киевската област било планирано да се изврши провокација со организирање насочени претреси и отворање масовни гробници на цивили кои наводно биле убиени од руски војници.

„Со цел да се даде поголем кредибилитет на оваа провокација, група украински форензичари и членови на националната полиција ќе бидат вклучени во снимката“, додаде Мезинцев.

„Ваквите акции и провокации на украинските власти уште еднаш го покажуваат нивниот нехуман однос кон судбината на народот на Украина и сведочат за целосно непочитување на сите норми на моралот и меѓународното хуманитарно право“, заклучи рускиот генерал.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!