„ОВА Е БУНТ“: ПЕНЗИОНИРАНИТЕ ВОЕНИ ОФИЦЕРИ ВО САД БАРААТ ОДГОВОРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ОБУКА НА ВОЕНИ КАДРИ ОД СТРАНА НА „РАЗБУДЕНИТЕ АКТИВИСТИ“ И „BAKЦИНАЛНИТЕ ФАНАТИЦИ“

„ОВА Е БУНТ“: ПЕНЗИОНИРАНИТЕ ВОЕНИ ОФИЦЕРИ ВО САД БАРААТ ОДГОВОРИ ЗА ПРЕЗЕМАЊЕТО НА АКАДЕМИЈАТА ЗА ОБУКА НА ВОЕНИ КАДРИ ОД СТРАНА НА „РАЗБУДЕНИТЕ АКТИВИСТИ“ И „BAKЦИНАЛНИТЕ ФАНАТИЦИ“

Тројца пензионирани американски воени офицери потпишаа писмо напишано од „Загрижените дипломци од Вест Поинт“, во кое протестираат против задолжителните вaкцини, часовите за Критична Расна Теорија (КРТ), прогресивен политички активизам и други „будни акции“ во воената академија.

Тројцата пензионирани американски воени офицери – Генерал потполковник Томас Мекинерни, Авијација; Генерал мајор Пол Вали, Армија на САД; и полковникот Ендрју О’Меара Џуниор, од Армијата на САД – потпишаа писмо напишано од групата „Загрижени дипломци од Вест Поинт“, протестирајќи против задолжителните вакцини, часовите за КРТ, санитарните услови, прогресивен политички активизам и други „будни акции”, во Воената академија.

„Сакавме да го предизвикаме раководството на Академијата и Министерството за Одбрана во врска со нивните “WOKE” активности, КРТ, обуката за различности и другите несогласувања во Академијата. Најдовме дека е распространето во Поморските и Воздухопловните академии, па знаевме дека е раководено од највисоките нивоа на нашето воено лидерство“, изјави Вали за Epoch Times. „Сите ние сакаме војската да се врати на вистинскиот пат кон обуката и да ги води нашите вооружени сили за да ја обезбеди сигурноста на Америка и нејзините граѓани“, додаде Вали, кој алармираше против социјалистичкото преземање на Соединетите држави. Во писмото, насловено „Декларација за предавство на Вест Поинт“, се бараат следните одговори:

  1. Објаснување за неправилностите во спроведувањето на Кодексот на честа.
  2. Оправдување за задолжителната вaкцинација на питомците против вируcот Кoвид и покрај широко распространетите негативни реакции на инокулацијата, како и одредби за исклучоци за питомци со верски приговори.
  3. Објаснување за предавање на Критичната Расна Теорија на Академијата што претставува напад врз Уставот и нашата уставна Република. Ова е однесување кое претставува противуставно дејствување, ако не и бунт.
  4. Објаснување за пријавеното лошо управување со објектот за кадетска трпезарија што резултирало со нехигиенски услови, несоодветна храна подготвена за оброкот и сервирана храна која наводно била несоодветна за консумирање.
  5. Политички активизам од страна на цивилни членови на факултетот кои претставуваат политичка активност што ја прекршува долгогодишната политика на Академијата и Регулативите на Армијата за политичка и партиска неутралност и непристрасност.
  6. Практиката на ексклузивно потпирање на радикални прогресивни гости – говорници за обраќање до Корпусот на кадети. Оваа практика резултира со предрасуди, политички активизам од страна на штабот и факултетот што ги прекршува армиските прописи.
  7. Објаснување за одбивањето на началникот да одговори на кореспонденцијата која се распрашувала за проблемите идентификувани во Академијата.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!