ОВА Е МАКЕДОНИЈА: АКО СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА KOBИД МЕРКИТЕ НЕМА ДА ВИ ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ, НО АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ЌЕ ВЕ АМНЕСТИРААТ

ОВА Е МАКЕДОНИЈА: АКО СТЕ ПЛАТИЛЕ КАЗНА ЗА ПРЕКРШУВАЊЕ НА KOBИД МЕРКИТЕ НЕМА ДА ВИ ГИ ВРАТАТ ПАРИТЕ, НО АКО НЕ СТЕ ПЛАТИЛЕ ЌЕ ВЕ АМНЕСТИРААТ

Повеќе од 1 200 лица кои треба да одат во затвор бидејќи не ја платиле казната за прекршување на кoвид-мерките ќе бидат амнестирани, најави во петокот министерот за правда Никола Тупанчески.

Vesnik broj 3-naslovna - Copy3

Главна причина за ова, како што рече министерот, е тоа што нашите затвори се преполни, а предлогот дошол од Основниот кривичен суд од Скопје. Решението е подготвено за гласање во Собранието.

Според министерот, прекршителите не се криминалци, туку лица чии парични казни се пред трансформација во казни затвор.

„Ја прифативме идејата на Кривичниот суд – Скопје зашто ни се виде како идеја која може да помогне. Тука не станува збор за лица кои извршиле кривични дела кои, пак, според својата персонална анамнеза претставува криминалци во вистинска смисла на зборот. Тоа се лица кои ги прекршиле кoвид-мерките и нашиот кривичен законик предвидува, најчесто беа парични казни. Зборуваме за повеќе од 1 200 луѓе на кои, практично ако не ја платат паричната казна, за кратко време паричната ќе им се трансформира во затворска казна. Оваа идеја на Кривичниот суд, бидејќи предлог-законот е готов, е во собраниска процедура. Мораме да бидеме брзи зашто ако навреме не го донесеме законот тогаш задоцнето ќе биде неговото носење,“ – рече Тупанчески.

Прашан, дали на тие што платиле ќе им бидат вратени парите, министерот Тупанчески одговори дека фокусот сега е на друго место.

„Амнестијата се однесува на оние на кои паричната ќе им биде трансформирана во казна затвор. Оние кои веќе ја платиле изречената казна е прашање за кое може да се размислува, но фокусот е на лицата на кои паричната казна би им се трансформирала во затворска казна,“ рече тој.

Иако амнестијата за прекршување на дискриминаторските и фашизоидни т.н. кoвид мерки секако е за поздравување (иако задоцнета), оваа повторна поделба и казнувањето на оние што законски си го платиле својот прекршок може да се случи само на оваа територија која себеси сака да се условува како суверена држава…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!