ОВАА СЕЗОНА НА ГРИП ПОТЕШКА ОД KOBИД: ПРЕМИЕР НА АВСТРАЛИСКА ДРЖАВА

ОВАА СЕЗОНА НА ГРИП ПОТЕШКА ОД KOBИД: ПРЕМИЕР НА АВСТРАЛИСКА ДРЖАВА

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, повика на намалување на седумдневниот период на изолација, додавајќи дека вирусот на зимскиот грип во моментов претставува поголем проблем од КOВИД-19. „Во многу случаи во моментов, сегашната варијанта на грип е потешка од сегашните соеви на КOВИД“, изјави премиерот за радиото 2 GB. Тој подоцна додаде дека државата моментално доживува „една од најлошите сезони на грип што некогаш сме ги имале“ и ги повика луѓето да се вaкцинираат против грип.

Перотет, исто така, се залага за намалување на периодот на задолжителна изолација откако лицето ќе биде позитивно тестирано за KОВИД-19, истакнувајќи дека здравствените совети наведуваат дека вирусот ќе остане меѓу нас најмалку „неколку години“. „Значи, во тие околности, ние треба да ги погледнеме барањата за изолација на начин што го намалува и го одржува надолниот тренд во притисокот врз нашиот здравствен систем“, рече тој. Премиерот рече дека размислувањата за други здравствени прашања, потребите за образовние и можноста за одење на работа, исто така, треба да бидат избалансирани додека земјата се движи кон следната фаза на пандемијата.

Што да кажеме освен дека останал и некој нормален во Австралија.

Но како одговор, премиерот Ентони Албанес рече дека „не е време“ за промена на периодот на изолација на КOВИД-19. А кога ќе биде – не се знае.

Има и обновени хистерични повици за враќање на задолжителни маски, меѓутоа, премиерот Ентони Албанес претходно посочи дека тоа ќе зависи од дискрецијата на државите во федералната заедница.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!