ПАДНА УШТЕ ЕДНА „ИКОНА“ НА МЕРКИТЕ И ПРОТОКОЛИТЕ – ЈУЖНА КОРЕЈА, ДАВАНА КАКО ПРИМЕР НА СТРАТЕГИЈА ЗА КОНТРОЛА НА ВИРУCOT (ВСУШНОСТ КОНТРОЛА НА НАСЕЛЕНИЕТО), СЕГА ИМА ИСТ ВИШОК СМРТНОСТ КАКО ШВЕДСКА

До неодамна, Јужна Кореја беше пример за стратегијата „затвори и вaкцинирај“, сведувајќи ги инфекциите на минимум се до завршувањето на процесот на вaкцинација.

Во ноември лани, поранешниот поборник (и фанатик) на „Нула Кoвид“ стратегијата, Деви Сридар, советник за KOBИД на Шкотската премиерка, тврдеше: „Никогаш не е доцна да се извлечат поуки од земји како Јужна Кореја, кои следеа максимална супресија на вируcот и успеаја“.

И во супер-вирален твит, Винсент Рајкумар (професор на престижната клиника Мајо во САД) објави: „Јужна Кореја ги следеше принципите на учебниците за eпидемиологија. Смртните случаи се задржани на 40 пати пониско ниво сè додека 75% од населението не биде целосно вaкцинирано. Ова е успех.”

И сето ова беше навистина точно до февруари оваа година, кога земјата го забележа првиот голем бран. Овој бран доведе до голем скок на вишокот на смртност; до крајот на март, бројот на неделни смртни случаи беше речиси 70% поголем од нормалниот. Поради овој скок, Јужна Кореја сега ја има истата стапка вишок смртност како Шведска – која имаше нашироко познат релаксиран пристап кон справувањето со Кoвид.

Значи, земјата која најмалку направи да го супресира Кoвид заврши со ист број на починати како една од земјите што направи најмногу. Уште побитно, поголемиот дел од инфекциите во Шведска се случиле пред воведувањето на вaкцината, додека огромното мнозинство во Јужна Кореја се случило после. Што укажува на тоа дека тнр. придобивки од „контрола“ на вируcот сè додека не се заврши процесот на вaкцинација – се преценети.

Се разбира, Јужна Кореја не помина страшно. Со задржување на вируcот користејќи гранични контроли и следење на контакти, тие избегнаа навистина драконски заклучувања и забележаа релативно благ пад. Сепак, мерките што ги презедоа сè уште претставуваат големо кршење на граѓанските слободи и права. Како што забележува Гардијан, „движењата на Корејците беа толку детално и јавно следени што тајните љубовни врски, па дури и скриените сексуалности беа изнесени на виделина“.

Секој што се грижи за граѓанските слободи сега ќе мора да се запраша дали стратегијата на Јужна Кореја вредела, имајќи предвид дека Шведска заврши со истиот број на жртви.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!