kolera vo mariupol

ПАНИКА И ДЕЗИНФОРМАЦИИ! CNN ВО НОВОТО ИНТЕРВЈУ ПРЕНЕСУВА ТЕОРИИ ЗА МОЖНА ПОЈАВА НА КОЛЕРА ВО МАРИУПОЛ

Украинските власти заедно со западната пропагандна машинерија и лидерот во ширењето дезинформации продолжуваат со Си-Ен-Ен на својата цел и најавуваат ширење на можна инфекција во Мариупол, како и десетици илјади мртви.

Мариупол се соочува со критичен недостиг на вода за пиење, изјави денеска Петро Андрушенко, бегалец советник на градоначалникот на тој украински град, Вадим Бојченко.

Андрушенко, кој не е во Мариупол, тврди дека луѓето мора да се пријават за да добијат вода за пиење на секои два дена и тврди дека водата што ја обезбедуваат руските „окупаторски“ власти не е добра за пиење, пренесува Си-Ен-Ен.

Штетата што ја претрпе Мариупол за време на двомесечната војна е толку голема што локалните власти поддржани од Русија мора целосно да ги обноват основните комунални услуги како струја, гас и вода, пишува Си-Ен-Ен.

„Количината на вода и порано беше недоволна, но сега има недостиг. Потребно е да се регистрирате за да добиете вода за пиење. „Ќе следи пораст на температурите, пад на нивото на водата и уште полошо недостиг“, предупреди Андрушенко, пренесува Си-Ен-Ен.

„Без вриење таа вода не се пие, а освен со оган на отворено нема други можности за да се зоврие. „Луѓето ја користат таква каква што е, што е дополнителен ризик“, рече Андрушенко, предупредувајќи повторно на можноста од епидемија поради огромните количини ѓубре и „многубројните трупови закопани во плитки гробници низ градот“.

Тој оцени дека е тешко да се предвиди каква епидемија му се заканува на Мариупол, предупредувајќи на опасност од појава на колера или некоја друга вирусна инфекција на гастроинтестиналниот тракт.

„Дизентеријата може да убие десетици илјади. „Во Мариупол недостигаат лекови, лаборатории, вакцини, се на што сме навикнати“, предупреди Андрушенко, иако досега нема потврдени извештаи за дизентерија или други болести во Мариупол.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!