sad new cases

ПЕТТЕ НАЈBAKЦИHИPAHИ ДРЖАВИ ВО САД ЗАБЕЛЕЖУВААТ НАЈВИСОК ПОРАСТ НА НОВИ СЛУЧАИ НА KOBИД 19, ДОДЕКА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА БАЈДЕН ГИ ПОВИКУВА ЛУЃЕТО НАД 50 ГОДИНИ ДА ДОБИЈАТ ЗАСИЛУВАЧКА ДOЗA?!

Според податоците на Њујорк Тајмс, Вермонт, највакцинираната држава, во која 73% од населението се целосно вакцинирани, забележа пораст од 18% на нови дневни случаи на Ковид во последните 14 дена пред 24 ноември.

Североисточната држава регистрира во просек 370 нови случаи на Ковид-19 дневно, во текот на изминатата недела.

Newsweek контактираше со канцеларијата на државниот гувернер за коментар.

Род Ајленд, во кој е 72% од населението се вакцинирани, забележа пораст од 69% на нови случаи во истиот период од 14 дена. Државата регистрира во просек по 480 нови случаи дневно од 17-24 ноември.

Мејн, исто така 72% вакцинирани, забележа пораст од 35% (сега 694 дневен просек на нови случаи), додека Конектикат, во кој има 72% вакцинирано население, забележа пораст од 120% во дневните случаи на Ковид (сега 751 дневен просек на нови случаи).

Масачусетс, каде има 71% вакцинирани, забележа пораст од 81% во последните 14 дена пред 24 ноември. Тој број просечно изнесувал 2.881 случај на ден помеѓу 17 и 24 ноември.

Според Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) во вторникот имало 100.636 нови случаи на Ковид-19 во САД.

Податоците покажуваат дека државниот дневен број на случаи се зголемува од 24 октомври, при што пријавени се само 23.596 случаи воо последните две недели. Седумдневниот дневен просек на нови случаи е зголемен за речиси 30%, според ЦДЦ.

69% од сите Американци на возраст од 12 години и постари примиле две дози од вакцината – што е еднакво на 196,2 милиони луѓе, според ЦДЦ.

Приближно 1 од 10 Американци примиле дополнителна вакцина против Ковид. Новите случаи на вирусот продолжуваат да растат на национално ниво и се чини дека продолжуваат да растат по Денот на благодарноста.

На 19 ноември, Управата за храна и лекови на САД и ЦДЦ им дале зелено светло на сите возрасни лица да ја примат дополнителната вакцина шест месеци по нивната втора доза на mRNA вакцина, или два месеци по примањето на една вакцина Johnson & Johnson.

Подоцна истиот ден, САД на сите возрасни им понудија дополнителна доза и ги охрабри луѓето над 50-годишна возраст да добијат дополнителна доза.

Американската автомобилска асоцијација (ААА) предвиде дека милиони луѓе ќе патуваат со своите семејства за ”Денот на благодарноста” оваа недела, и покрај растечката бројка на нови случаи низ целата земја.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!