петиција деца училишта

ПЕТИЦИЈА – СТОП ЗА НОСЕЊЕТО МАCКИ ВО УЧИЛИШТАТА! ОВОЈПАТ ЗАЕДНО СМЕ НА ПОТЕГ – ОТВОРЕТЕ, ПОТПИШЕТЕ СЕ, ПРОСЛЕДЕТЕ ДО СИТЕ ОКОЛУ ВАС!!!

Кога веќе вакви или слични предлози до Министерството за Здравство, Владата на РМ или Комисијата за заразни болести, никако не доаѓаат од полтичките партии, очигледно дека слободниот народ може и сам да се организира и да изврши притисок до надлежните, овојпат за заштита на животот и здравјето на своите најмили!

Во испратеното барање до Комисијата за заразни болести, над 900 родители (на самиот почеток, сега многу повеќе), бараат итно укинување на задолжителното носење маска во основните и средните училишта!

“Континуираното носење маски е исклучително штетно по здравјето на нашите деца, особено што децата се приморани да носат и маски за време на часовите по физичко воспитување, спротивно на сите препораки од СЗО и експерти. Истото не е предвидено ниту во протоколот за работа во основните и средните училишта но сепак истото сеуште се практикува,

Затоа имаме предлог со кој многу брзо би можело да се реши целиот проблем:

ПРЕДЛОГ:

1. Засилена контрола при влез во училиштата при детектирање на евентуално болни деца.

2. Секој родител кој не се согласува со неносење маски може да продолжат со користењето маски за време на часовите. Носењето маска во значителна мера ги заштитува децата од заразување со било кој вирус , вклучувајки го и Ковид 19.

3. Секој родител може да потпише изјава дека доброволно дозволува детето да посетува училиште без маска и училиштето и наставникот нема да сносат одговорност за евентуални последици.

4. Никако не прифаќаме скрининг/тестирања на децата на неделна/дневна основа. Децата и онака имаат доволно трауми со оваа пандемија.

5. Итно укинување на користењето маски за време на часовите по физичко воспитување.”

Oд вас бараме одговор во најкус можен рок .

Се надеваме дека позитивно ќе договорите на нашето барање и активно ќе се вклучите во борбата за создавање нови здрави генерации дечиња.”

Екипата на КОЛОВРТ силно ја поддржува оваа петиција, иако сметаме дека никое дете, дури ни под присила на своите родители, наставници или професори, не смее да биде доведено во ситуација да мора да носи маска за лице, земајќи ги в предвид научните докази за нејзиното штетно влијание при долгорочно користење. Како и да е, ова барање нуди некаков солиден разумен компромис.

Сакаме и да додадеме дека од почетокот на учебната година на 1 септември, бројката на новозаразени во Република Македонија стагнира, па во вода паѓа целата хистерија која жестоко се ширеше низ медиумите, дека всушност училиштата ќе станат новите кластери на вирусот ковид 19. Истовремено, сите научни студии јасно потврдуваат дека корона вирусот е речиси безопасен за децата во училишните клупи. Затоа, токму поради таа хистерија, искрено се надеваме дека некој, во блиска или подалечна иднина, и кривично ќе одговара.

Петицијата можете да ја отворите на следниот линк, премногу е лесно да се потпишете, а овојпат ќе биде потребно и да направите нешто повеќе – проширете ја оваа статија до своите најблиски, но и до оние кои не ви се толку блиски, овојпат мораме и можеме заедно да придонесеме за нашата конечна слобода!

https://www.change.org/p/macedonian-ministry-of-health-%D1%81%D1%82%D0%BE%D0%BF-%D0%B7%D0%B0-%D0%B7%D0%B0%D0%B4%D0%BE%D0%BB%D0%B6%D0%B8%D1%82%D0%B5%D0%BB%D0%BD%D0%BE%D1%82%D0%BE-%D0%BA%D0%BE%D1%80%D0%B8%D1%81%D1%82%D0%B5%D1%9A%D0%B5-%D0%BC%D0%B0%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B2%D0%BE-%D1%83%D1%87%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D1%88%D1%82%D0%B0%D1%82%D0%B0

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!