отава конвој на слобода

ПОБЕДА!!! ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОТАВА: “ДЕМОHCTРАНТИТЕ ГО ДРЖАТ ГРАДОТ ПОД КОНТРОЛА!”

Демонстрантите кои протестираат против задолжителната вaкцинација во Канада бројно ја надминаа полицијата во главниот град Отава и сега ја контролираат ситуацијата, а одредени делови од градот се потполно блокирани, изјави денес градоначалникот Џим Вотсон, говорејќи околу 10-тиот ден од протестите.

“Конвојот на слободата” започна како протест против задолжителната вaкцинација за канадските камионџии, но се претвори во општ јавен протест против кoвид мерките и владата на премиерот Џастин Трудо, пренесува Ројтерс.

Демонстрантите го парализираа центарот на Отава во претходните девет дена, а според многумина, нивната цел е оставка на актуелната влада.

“Ситуацијата во моментов е тотално надвор од контрола поради поединци на протестот кои ги влечат потезите. Имаат повеќе луѓе отколку што ние имаме полиција,” рече Вотсон.

Во градот непрекинато се слушаат сирени од автомобилите и одекнуваат експлозии од пиротехнички средства, а организаторите на конвојот рекоа дека денес ќе се воздржат од користењето на сирените на четири часа, “како гест на добра волја,” пренесува Спутник.

Демонстрантите претходно порачаа дека нема да си заминат сѐ додека сите ограничувања не бидат укинати, повикувајќи на смена на владата на Трудо.

Трудо во петокот рече дека канадската влада не планира да ја испрати војската на улиците поради протестот на камионџиите. Полицијата денес обвини четири лица за злосторство од омраза и истражува бројни закани против јавните личности, со помош на американското Федерално Истражително Биро (ФБИ).

Истрага за говорот на омраза од страна на премиерот Трудо кон демонстрантите, секако, сѐ уште нема…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!