ПОЧЕТОК НА КРАЈОТ?! ПОЛИЦАЈКА СИ ДАВА ОТКАЗ ПОРАДИ “ПРОТЕСТ И ОДБИВАЊЕ ДА ЈА СПРОВЕДУВА КОВИД-ТИРАНИЈАТА”

Полицајка од Викторија, Австралија, со работен стаж од над 16 години, си даде отказ како протест против искористувањето на полицијата за спроведување на ковид-правилата, притоа додавајќи дека “големо мнозинство” од нејзините колеги го делат истиот став.

Веќе поранешниот наредник во полицијата, Кристал Мичел, се појави на Јутјуб каналот The Discernible Interviews, носејќи ја својата сина униформа и откривајќи дека е загрижена поради тоа како полицијата се употребува од страна на државните власти, низ целиот тек на пандемијата.

Имено, полицијата на Викторија е главниот актер во одржувањето и почитувањето на карантинот во оваа држава, главен актер во сузбивањето на протестите против здравствените правила и задолжителната вакцинација, а снимките од прекумерната полициска употреба на сила и апсењата често и носат обвинувањата за полициска бруталност.

Мичел, која работеше во командата за полова еднаквост вели: “Сите мои пријатели полицајци кои се во првите редови патат секој ден спроведувајќи ги правилата на министерот за здравство, правила во кои големото мнозинство не верува и не сака да ги спроведува.”

Чуварите на редот ги “плашат луѓето во заедницата”, и Мичел признава дека и таа самата напати се почувствувала непријатно среќавајќи полицајци на улиците додека била надвор од должност и носела цивилна облека.

Дел од грубото однесување на полицијата во текот на пандемијата може да се објасни со повикот за употреба на сила од страна на премиерот на Викторија, Дениел Ендрјус.

“Мислам дека причината, или прашањето, зошто полицијата се чувствува охрабрена да го прави она што го прави преземајќи сурови дејства, се токму пораките кои го добива од страна на Ден Ендрјус, кој на дневна база им кажува што треба да прават.”

“Последиците на тоа се што сум денеска тука и си давам отказ од полицијата на Викторија, отказ кој стапува во сила веднаш по завршувањето на ова интервју, затоа што последиците кои секако би ги имала по ова јавно обраќање, несомнено би вклучувале отпуштање.”

“Веќе во душата не можам да го трпам начинот на кој мојата организација, за која впрочем сакам да работам, е искористена и не можам да ја трпам штетата која и е нанесена на полицијата на Викторија и на самата заедница.””

По ова интервју се огласи и полицијата на Викторија која потврди дека Мичел е една од вработените во таа институција, но посочи и дека нејзините коментари “на никој начин не го рефлектирале мислењето на сите полициски службеници.”

“Полицијата на Викторија не може да ги избира законите кои ќе ги спроведува”, се вели во нивното соопштение, притоа додавајќи дека полицијата “се надева на олабавување на рестрикциите и евентуалното враќање во животот пред ковид, исто како и обичните граѓани.”

Што се однесува, пак, на Мичел, таа ќе биде субјект на истрага од страна на командата за професионални стандарди, само поради нејзиното неодамнешно јавно излагање.

Во меѓувреме, изминативе месеци сме сведоци на видео снимки за полициската бруталност во Мелбурн, Викторија кои го обиколија светот. Во една од нив се гледа како полициските специјалци брутално фрлаат на земја една постара жена и ја прскаат со солзавец. Во друг инцидент кој е снимен, можеме да видиме како еден полициски специјалец фрла еден демонстрант кој не пружа никаков отпор на тротоарот, притоа оставајќи го без свест.

Kolovrt/ZeroHedge

Следете нè на Фејсбук и на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom