mac crni

ПОЧИНА ЛЕГЕНДАТА НА НАВИВАЧКАТА ГРУПА КОМИТИ (МАЦ ЦРНИ) ВО ВЧЕРАШНАТА СООБРАЌАЈНАТА НЕСРЕЌА – ВОЗАЧОТ ИЗБЕГАЛ ПА СЕ ПРИЈАВИЛ

Тешка сообраќајна несреќа во која едно лице го загуби животот се случи вчера рано утрото на улица „Скупи“ во Скопје.

Како што информира МВР, во сообраќајката учествувале автомобил „голф“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.О.(27) од Скопје и мопед „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Г.Ц.(30) од Скопје.

Возачот на автомобилот, велат од МВР, го напуштил местото на настанот, но подоцна самиот се пријавил во Полициската станица Бит Пазар.

– По несреќата Г.Ц. и сопатникот од мопедот М.Ѓ.(50) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде од страна на лекар на Г.Ц. му биле констатирани тешки телесни повреди, а М.Ѓ. околу 12.00 часот им подлегнал на повредите, информираат од Министерството.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Од починатиот Мац-Црни вчера се простија „Комити“ и „Сити парк бојс“ кои наведоа дека загубиле навивачка супер ѕвезда. Погребот ќе се одржи во вторник на Градскиот гробишта во Бутел.

mac crni komiti

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!