уапсен доктор

“ПОЧИТ ЗА ЕДЕН ПАДНАТ ХЕРОЈ!” УАПСЕН ДОКТОР КОЈ ИЗДАЛ НАД 2.000 ЛАЖНИ KOBИД СЕРТИФИКАТИ!

Властите во Белгија соопштија дека уапсиле доктор кој издал над 2.000 лажни ковид сертификати на белгиските граѓани.

“Докторот, кој сеуште не е именуван, е обвинет за издавање на лажни ковид сертификати.” – рече Christie Morreale, министерка за здравство на Белгискиот регион, Валонија.

Опишувајќи го случајот како “здравствен скандал”, таа рече дека издадените сертификати се повлечени, а луѓето кои се вклучени во оваа измама, исто така ќе се соочат со правни последици.

Белгискиот ковид сертификат (CST), докажува дека личноста е целосно вакцинирана, има негативен тест во последните 48 часа или прележала ковид во последните шест месеци.

Од почетокот на ноември, задолжително е прикажувањето на ковид сертификатот при влез во ресторани, кафулиња, барови, теретани и други јавни места во државата.

Поради зголемувањето на бројот на позитивни случаи од корона вирусот во Белгија, и покрај огромната стапка на вакцинација од дури 75% од целокупното население, владата донесе нови мерки во обид за намалување на овој пик.

Сега е задолжително работењето од дома, и тоа четири дена од неделата, освен во дејности каде е неопходно физичкото присуство, додека сите на возраст над 10 години мораат да носат маски за лице при користењето на јавниот превоз, во рестораните или другите јавни места во Белгија.

Според последните податоци, во просек се детектирани 15.448 нови и 33 смртни случаи (зголемување од 54% од претходната недела), во периодот од 13 до 19 ноември годинава.

На социјалните мрежи можат да се видат огромен број на коментари околу чинот на овој белгиски доктор, а во некои од нив тој е наречен и “новиот Робин Худ”, а се оддава и “почит за паднатиот херој”!

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom