рамзан кадиров ќе ги ослободиме од нацистичката доминација

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ЧЕЧЕНСКИТЕ ВОЈНИЦИ СПАСУВААТ УКРАИНСКИ ЦИВИЛИ ОД УКРАИНСКАТА АРМИЈА! КАДИРОВ: „ЌЕ ГИ ОСЛОБОДИМЕ ОД НАЦИСТИЧКАТА ДОМИНАЦИЈА“ (ВИДЕО)

По големиот број лаги со кои се служат западните медиуми, пропагандната машинерија која во своите текстови ја опишува руската армија како нискоморална или насилна и без никакви докази објавува дека жртви на конфликтот во Украина се цивилите и ги обвинува Русите и Чеченците за воени злосторства, се огласи и чеченскиот лидер и врховен командант на чеченските сили, Рамзан Кадиров.

На својот Телеграм канал, Кадиров секојдневно известува за ситуацијата во Украина, а преку своите војници наидува на докази кои потполно ги рушат западните дезинформации.

Вчеравечер тој објави ново видео на кое се гледа како чеченските специјалци им помагаат на украинските бегалци безбедно да излезат од еден од завојуваните градови.

Неонацистичките делови на украинската армија им забрануваат на бегалците да ги напуштат градовите, а како што досега неколкупати е објавено, цивилите ги користат како жив штит.

„Украинските бегалци масовно бегаат од угнетувањето на Бандера (погрдно име за украинската армија). Многу од нив се наоѓаат на патот на нашите војници. На овие места им помагаат борци под водство на драгиот БРАТ, командант Хусеин Межидов. Нашите момци им наоѓаат засолниште, ги ставаат на безбедно место, им носат намирници. Ниту една меѓународна организација, вклучително и ОБСЕ, не се грижи за овие луѓе,“ пишува Кадиров.

„Го молам раководството на Украина и сите оние кои би требало и се должни директно да се занимаваат со вакви хуманитарни прашања, да не седат во бункерите и други безбедни места, туку да почнат да ги спасуваат сиромашните луѓе. Помогнете им, опремете ги, дајте им храна, поддржете ги барем некако. На крајот, престанете да мислите само на себе и на вашите интереси! Вашиот однос кон овие несреќни луѓе само уште еднаш докажува дека сме на добар пат. Затоа, нека сиот свет едногласно земе оружје против нас, но ние ќе ги ослободиме од нацистичката доминација,“ заклучи лидерот на Чеченија.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!