ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ПРВАТА СЛИКА ОД ЦРНА ДУПКА ВО НАШАТА ГАЛАКСИЈА (ФОТО)

ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО ИЗГЛЕДА ПРВАТА СЛИКА ОД ЦРНА ДУПКА ВО НАШАТА ГАЛАКСИЈА (ФОТО)

Огромната црна дупка што живее во центарот на нашата галаксија, позната како „Sagittarius A*“ – Стрелец А*, црната дупка е поголема четири милиони пати од масата на нашето Сонце и беше фотографирана за првпат. На фотограгијата направена од телескопот „Евент Хорајзон“ се гледа централен темен регион каде што се наоѓа дупката, заокружена со светлината што доаѓа од супер-загреаниот гас забрзан од огромни гравитациски сили.

Голема е околу 60 милиони километри во ширина. За среќа, ова чудовиште е на далечина од околу 26.000 светлосни години од нас, така што нема можност да се најдеме во каква било опасност.

Ова е втора ваква слика која ја има направено „Евент Хорајзон“, откако во 2019 година објавија фотографија од џиновска Црна дупка во срцето на друга Галаксија наречена Месиер 87(М87). Таа беше 1.000 пати поголема од нашето Сонце и со 6,5 милијарди пати поголема маса.

„Оваа фотографија е посебна бидејќи е нашата супермасивна Црна дупка“, вели за Би-Би-Си професорот Хејно Фалке, еден од пионерите зад проектот на „Евент Хорајзон“.

Погледнете го опширното видео:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!