ПОЈАВАТА НА НЕОФАШИЗАМ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

ПОЈАВАТА НА НЕОФАШИЗАМ ВО ЈАВНОТО ЗДРАВСТВО

Од д-р Дејвид Бел, 14 Јуни 2022  

Фашизмот е уметноста на криење на вистината зад фасада на доблест. Се претпоставува дека е стара колку и човештвото. Мусолини само ѝ дал име – криејќи ги своите авторитарни идеи зад проекти како пресушување на мочуриштата, обновувањето на селата, испраќање на децата на училиште, и возови кои тргаат и стигнуваат на време. Јавната претстава за нацизмот од 1930-тите не беше скршени прозорци и тепани старци на улица, туку среќни насмеани млади кои работат заедно за да ја обноват земјата.

Ставањето такви етикети на сегашното време е опасно, бидејќи тие носат многу багаж, но исто така помага да се утврди дали сегашниот багаж за кој мислевме дека е прогресивен е всушност регресивен. Тие среќни насмеани младинци од 1930-тите всушност биле обучени во уметноста на надменост, омаловажување на „погрешното“ размислување и колективна послушност. Тие знаеле дека се во право и дека другата страна е проблемот. Дали ви е тоа познато?

Општествените промени во изминативе две години беа дефинирани и предводени од „јавното здравје“. Затоа логично е да се бараат аналогии на јавното здравство во минатото за да помогнат да се разбере што се случува, кои се двигателите и каде тие можеат да нé доведат. Сведоци сме на нашите професионалци од јавното здравство и здруженијата кои ги застапуваат како повикуваат на активна дискриминација и принуда наместо медицински избор. Тие се залагаа за политики што ги осиромашуваат другите, додека го одржуваат нивото на сопствените плати, го контролираат нормалниот семеен живот, па дури и диктираат како другите да ги оплакуваат своите мртви.

Болниците одбиваа трансплантации на оние кои направиле неповрзани медицински избори кои на болниците не им се допаднале. Сум бил сведок како одбиваат пристап од семејството до саканата личност што умира додека не прифатат инјекции што не ги сакаат, а потоа веднаш дозволуваат непосреден пристап со што потврдуваат дека не се бара имунитет, туку конформизам.

Сите видовме истакнати здравствени работници јавно да ги оцрнуваат и омаловажуваат своите колеги кои се обидуваа да ги повторат принципите на кои сите бевме обучени: отсуство на принуда, информирана согласност и недискриминација. Наместо да ги ставам луѓето на прво место, еден колега ме информираше во дискусија дека улогата на лекарите од јавното здравство е да ги спроведуваат упатствата од владата. Колективна послушност!

Сето ова беше оправдувано со „поголемото добро“ – недефиниран термин бидејќи ниту една влада што го турка овој наратив, за две години, не објави јасни податоци за трошоците и придобивките (cost-benefit analysis) кои покажуваат дека „доброто“ е поголемо од штетата. Сепак, вистинската сума, иако важна, не е поентата. „Поголемото добро“ стана причина јавно-здравствените работници да го поништат концептот на приматот на индивидуалните права.

Тие одлучија дека дискриминацијата, стигматизацијата и сузбивањето на малцинствата се прифатливи за да се „заштити“ мнозинството. Тоа е она што беше, и е, идејата на фашизмот. И оние кои промовираа слогани како „пандемија на невакцинираните“ или „никој не е безбеден додека сите не се безбедни“ ја знаеја намерата и потенцијалните исходи на стигматизацијата, вилификацијата (оцрнувањето) на малцинствата.

Сите тие исто така знаат, поучени од историјата, дека неточноста на овие изјави не го попречува нивното влијание. Фашизмот е непријател на вистината, а никогаш не е нејзин слуга.

Поентата на ова четиво е да се предложи нештата да се именуваат онакви какви што се. Ако ги искажеме работите онакви какви што се, ја кажуваме вистината. Вaкцините се фармацевтски производ со различни придобивки и ризици, исто како што дрвјата се растенија. Луѓето имаат права над нивните тела, а не лекарите или владите, барем во секое општество кое ги смета сите луѓе со еднаква и неотуѓива вредност.

Стигматизацијата, дискриминацијата и исклучувањето врз основа на избор на здравствена заштита, без разлика дали за ХИВ, рак или KOBИД-19, е погрешно. Исклучувањето и омаловажувањето на колегите со различни ставови за употребата на безбедни лекови е арогантно. Опасно е да се осудуваат оние кои одбиваат да следат наредби кои се во спротивност со етиката и моралот.

Слепото следење на владините и/или корпоративните диктати едноставно да се усогласат со „групата“ немаат ништо заедничко со јавното здравство. Сите овие нешта имаат повеќе заедничко со фашистичките идеологии од минатиот век отколку со она што се предаваше на предавањата за јавно здравство кои јас ги слушав. Ако тоа е општеството што сега сакаме да го градиме, треба да бидеме искрени и да го кажеме тоа, а не да се криеме зад фасади на лажна доблест како што се „праведност на вaкцините“ или „сите сме во ова заедно“.

Да не се врзуваме со политичките нијанси на „лево“ и „десно“. Водачите на двата главни фашистички режими во Европа од 1930-тите произлегоа од „левицата“. Тие во голема мера се потпираа на концептите на јавното здравје за „поголемо добро“ или „заедничко добро“ за да ги истребат „инфериорните мислители“ и да ги отстранат оние кои не се потчинуваат на нивните идеи.

Нашата сегашна состојба бара интроспекција, а не партизација. Како професија, ги почитувавме директивите за дискриминација, стигматизирање и исклучување, додека ги игнориравме барањата за информирана согласност. Помогнавме да се отстранат основните човекови права – на телесна автономија, образование, работа, семеен живот, движење и патување. Ги следевме корпоративните авторитаристи, игнорирајќи ги нивните конфликти на интерес и правејќи ги уште побогати, додека нашата јавност стана посиромашна. Јавното здравство не успеа да ги постави луѓето на чело и стана гласноговорник на малото, богато и моќно малцинство. Можеме да продолжиме по овој пат, и веројатно ќе заврши таму каде што заврши минатиот пат.

Или, наместо тоа, можеме да најдеме понизност, присеќавајќи се дека јавното здравство треба да биде слуга на народот, а не инструмент на оние кои се обидуваат да го контролираат, и – со тоа  да го тргнеме чудовиштето од нашата средина. Ако не го поддржуваме фашизмот, можеме да престанеме да бидеме негов инструмент. Тоа би можеле да го постигнеме едноставно преку следење на основните принципи и етика на кои се засноваат нашите професии.

Авторот е виш научен соработник на Браунстоун Институтот. По професија е лекар за јавно здравје. Има работено како специјалист по интерна медицина и јавно здравство во Австралија и Велика Британија. Исто така, има работено во Светската Здравствена Организација (СЗО), како раководител на програмата за маларија и фебрилни болести во Фондацијата за иновативна нова дијагностика (FIND) во Женева и како директор на Глобални здравствени технологии во глобалниот фонд во Белви, САД.

MBBS (Bachelor of Medicine and Bachelor of Surgery), MTH, PhD (Доктор на Науки), FAFPHM (Соработник на Австралискиот Факултет за јавно здравствена медицина), FRCP (Член на Кралскиот колеџ за лекари)

Извор: https://brownstone.org/articles/the-emergence-of-neo-fascism-in-public-health/

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!