мирнес ајановиќ кантон сараево

ПОРАДИ ВОВЕДУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА BAKЦИHAЦИJA ВО САРАЕВСКИОТ КАНТОН ЗА СИТЕ НАД 60 ГОДИНИ, АДВОКАТОТ МИРНЕС АЈАНОВИЌ ТУЖИ СÈ СО РЕД, ОД ВЛАДАТА ДО ЧЛЕНОВИТЕ НА KPИЗНИОТ ШТАБ!

Адвокатот Мирнес Ајановиќ: Следи кривична пријава и тоа за повеќе кривични дела против премиерот на Кантонот Сараево, членовите на Владата, Кризниот Штаб…

“Противуставниот и противзаконски Заклучок на Владата на Кантонот Сараево, со кој денес веше воведена задолжителна вaкцинација на здрaвствениот кадар и лицата постари од 60 години, ги обврзува сите државни органи, но и сите граѓани на отпор против кршењето на Уставот на БиХ и законите, со цел да се спречи масовно страдање на граѓаните.”

“ОБВРСКА ЗА КРИВИЧНО ПРОЦЕСУИРАЊЕ НА ВЛАДАТА НА КАНТОНОТ САРАЕВО ПОРАДИ НАМЕРА ЗА МАСОВНО ЗАГРОЗУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ НА САРАЕВО СО ВОВЕДУВАЊЕТО НА ЗАДОЛЖИТЕЛНА BAKЦИНАЦИЈА НА ПОСТАРИТЕ ОД 60 ГОДИНИ, ЛИЦАТА СО ПРИДРУЖНИ БОЛЕСТИ, ЗДРABСТВЕНИОТ КАДАР И ВОВЕДУВАЊЕ НА ВТП (BAKЦИНИРАН-ТЕСТИРАН-ПРЕЛЕЖАН) МЕРКИ ВО СИТЕ ЗАТВОРЕНИ ПРОСТОРИИ”

“Против премиерот Един Форто, министерот Харис Враниќ и останатите членови на Кантонот Сараево и Кризниот Штаб при министерството за здравство на Кантонот Сараево, денес ќе биде поднесена кривична пријава во Федералното Обвинителство поради извршување на повеќе кривични дела, а помеѓу останатите и од Членот 177. – Повреда на рамноправноста на човекот и граѓанинот од Кривичниот Законик на Федерацијата БиХ, а во врска и со кршење на Членовите 2. и 4. од Законот за забрана на дискриминација на БиХ, за што е предвидена казна затвор од една до десет години.

Исто така, ќе се бара и делување на останатите државни институции, па барање и одредување на мерка притвор, вклучувајќи и за лица кои ќе постапуваат според противуставниот и противзаконски заклучок, а поради извршување кривично дело од Членот 166. став 2. – Убиство, а во врска со Членот 28., за што е предвидена минимална казна од десет години или долготраен затвор,” истакна адвокатот Мирнес Ајановиќ, инаку претседател на партијата BOSS.

“Примањето на вакцина кај постарите лица со тешки хронички заболувања и лица со придружни коморбидитети, како што се дијабетес, кардиоваскуларни болести, хипертензија и останати тешки хронични болести наведени во упаството на произведувачите на вакцини, можат поради контраиндикации, односно забрана за прием на лекови или вакцини, да резултираат со загрозување на здравствената состојба или смрт.”

“Воведувањето на озогласените и неефикасни ВТП правила (вакциниран-тестиран-прележан) во сите затворени простории на Кантонот Сараево, со оглед на општопознатата состојба потврдена и од страна на СЗО дека и вакцинираните можат да бидат заразени и да го пренесуваат вирусот како и невакцинираните, резултира со брутална дискриминација на граѓаните на Сараево и извршување на кривично дело од Членот 177. на Кривичниот Законик на БиХ, па покрај кривичното процесуирање на Един Форто и како претседател на Наша Странка, ќе се бара и кривично процесуирање на Нермин Никшиќ – Претседател на СДП, Елмедин Конаковиќ – претседател на Народ и правда, како и други одговорни лица кои ја злоупотребиле власта за масовно загрозување на животите на граѓаните,” заклучува адвокатот Ајановиќ.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!