ПОСТОЈАТ ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

ПОСТОЈАТ ТРИ СЦЕНАРИЈА ЗА КРАЈ НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА

И руската и украинската страна се подготвени за мировни преговори, иако тоа значи интензивирање на борбите на краток рок, бидејќи Русија сака да ја зајакне својата преговарачка позиција. Марк Џалеоти, професор на Колеџот за источноевропски студии во Лондон, вели дека бомбардирањето на градовите е обид за притисок врз Украинците во преговорите, а според неговото истражување, знаејќи ја целата ситуација, постојат три сценарија за крај на војната меѓу Русија и Украина.

1) Мировен договор

Идеалниот крај на војната би бил договор. Украина веројатно би се откажала од своите амбиции да влезе во НАТО и би го прифатила заземањето на Крим и Донбас во замена за повлекување на руските војници и западни безбедносни гаранции.

Според Јутарњи лист, Москва конечно би морала да прифати дека поголем дел од Украина повеќе не е дел од нејзината сфера на влијание.

Тоа би било пораз за Путин, но пораз со кој тој би можел да се помири. Тој би ја исполнил својата цел за „демилитаризација“ на Украина, а претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е доволно популарен за да може да протурка таква опција, смета Џалеоти. За возврат, Украина би добила барем кандидатура за членство во ЕУ и сериозни безбедносни гаранции. За Западот ваквата варијанта е поевтина и побезбедна од континуираниот конфликт со Русија и грижата за милиони бегалци.

2) Продолжување на борбите и две Украини

Најмногу што можат да постигнат Русите на воен план е освојување на источната половина на Украина. Земјата може да се подели по реката Днепар, со нецелосна Украина на запад и источниот дел под руска окупација.

За очекување е дека Украинците под руска окупација ќе продолжат со герилска борба, со помош на Западот. Тоа ќе значи продолжување на нападите врз воени цели во западна Украина, но и можни операции како онаа од 2014 година, кога руската разузнавачка служба организираше диверзија во складиштето за оружје во Врбјетице во Чешка за да спречи договор за вооружување на Украина.

Во тој случај Западот би морал да се подготви за жестоки хакерски напади од Русија, предвидува британскиот професор.

3) Трета светска војна

Можно е војната да продолжи со месеци. Мариупол ќе падне, но повеќето други големи градови успешно се бранат, делумно поради тоа што Русија не е во состојба да го одржи сегашното оперативно темпо.

Сепак, украинските сили не се во можност да извршат никаков континуиран контранапад. Линијата на фронтот секојдневно се движи напред-назад, а никој нема дефинитивна предност. Украинските сили се исцрпени, но Русија е исто така исцрпена. Додека санкциите ја задушуваат економијата и популарноста на Путин опаѓа, тој може да почувствува потреба да направи нешто драстично, како што е употребата на воени отрови или посериозни злосторства на теренот.

Во исто време, и Западот ќе ја почувствува цената на санкциите и неизбежните политички тензии, додека едни ќе се залагаат за посилна воена поддршка за Украина, а други за барање отстапки за да се постигне мир.

Професорот Џалеоти очигледно навива за првата опција, но, според Јутарњи лист, ги занемарува последиците за европската структура изградена по Втората светска војна, со голема промена на границите и милионска замена на населението, а тоа може да биде решение за мир под услов целта на Путин да е исклучиво Украина.

Но прашање е колку држи таа претпоставка. Германскиот вицеканцелар и шеф на Зелените Роберт Хабек неодамна изјави дека не смета дека Путин планира да застане во Украина. Американските власти, според Њујорк тајмс, стравуваат дека Путин им се има намерачено и на Молдавија и Грузија.

САД точно го предвидоа почетокот на војната во Украина, и покрај негирањата на Москва и скептицизмот на Европа. Да се предвиди како ова би можело да заврши е многу потешко, предупредија новинарите на Њујорк тајмс, добитници на Пулицерова награда, Дејвид Е. Сангер и Ерик Шмит. Некои мислат дека главната цел на Путин е да освои широк простор од јужна и источна Украина, да ја поврзе Русија по копно со Крим, анектиран во 2014 година. Но други стравуваат дека тој би можел да се обиде да ги окупира Молдавија и Грузија, која беше во војна со Русија во 2008 година.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!