премиер онтарио даг форд

ПРЕМИЕРОТ НА ОНТАРИО СО ЕДНА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА ЈА СРУШИ АГEHДАТА НА ЏАCTИН ТPУДO: „НА СВЕТОТ МУ Е ДОСТА ОД ОВА, ДА СЕ ВРАТИМЕ ВО НОРМАЛА!“ (ВИДЕО)

Во моментите кога во Канада врие, а специјалните полициски сили со брутално насилство се соочуваат со камионџискиот „Конвој на слободата“, додека пристапот на медиумите до местата каде се одвиваат судирите е забранет, премиерот на најмоќната држава во земјата – Онтарио, Даг Форд, се реши и самиот да застане против политиките на Џастин Трудо и да побара потполно укинување на сите кoвид рeстриктивни мерки.

„Знаете, може да отидете во Costco, можете да отидете во Walmart (големи супермаркети). И не можете да знаете дали човекот покрај вас и вaкциниран или не. Но, исто така, знаеме дека не е воопшто важно ако сте примиле една или десет дози! Сѐ уште можете да се зaразите со кoвид, премиерот е три пати вaкциниран, знам и други стотици тројно вaкцинирани лица кои се заразија со кoвид!

Треба само да бидеме внимателни. Треба секогаш да ги миеме рацете, но да продолжиме нормално понатаму.

Меѓутоа, не можеме да останеме во оваа позиција засекогаш, мораме да научиме да живееме со ова и да продолжиме со нашите животи.

Се обложувам дека ако ги запрашате сите луѓе во собава: „Дали сакате да ги носите проклетите мaски или сакате да ги тргнете?“, сите ќе сакаат да ги тргнат! Сите сакаат да се вратат во нормала. Сакаат да вечераат заедно со своите семејства.

И секој еден поединец, вклучувајќи ме и мене, знаеме луѓе кои се невaкцинирани. Секако, меѓу нив има и некаков вид на бунтовници, но има и луѓе кои едноставно не веруваат во вaкцината. Тоа е нивен избор! Повторно, ова е за таа демократија, тие слободи и права.

Мразам кога Владата му кажува некому што да прави! Треба само да продолжиме понатаму, да излеземе од оваа ситуација и да ги заштитиме работните места.

Мислам дека многу луѓе, веројатно и вие… на сите им е доста од нас! И нам ни е доста од сево ова!

Ајде да продолжиме понатаму внимателно. Мислам, ги следевме правилата, сите или, 90% од нас и тоа веќе 2 години. На светот му е доста од ова. Па, ајде само да продолжиме понатаму.“ – завршува премиерот на Онтарио, Даг Форд.

Оваа храбра, но клучна изјава, секако не ја пренесе никој македонски медиум… Освен Коловрт, се разбира…

Целосното обраќање погледнете го на следното видео:

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!