ukinuvanje na zadolzitelnata vakcinacija vo avstrija

ПРЕСВРТ! АВСТРИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА BAKЦИHAЦИJA

Само што ја воведе, Австрија размислува да ја прекине задолжителната вaкцинација!

Една недела по стапувањето во сила на Законот за задолжителна вaкцинација, под голем притисок на гувернерите на провинциите, австрискиот канцелар, Карл Нечамер, првпат најави можност за отстапување од оваа мерка.

Нехамер за весникот „Кронен цајтунг“ изјави дека не ја исклучува можноста за укинување на Законот за задолжителна вaкцинација.

„Доколку експертите на комисијата што треба да ги именува владата решат да се укине задолжителната вaкцинација, тоа ќе го слушнеме“, рече тој.

Нехамер рече дека законот постојано се анализира, тоа го бараат и гувернерите на провинциите.

„Се додека експертите велат дека вaкцината е клучна алатка, задолжителната вaкцинација останува на сила. Но, доколку и предложат на Владата да го укине законот, тоа ќе биде сторено“, објасни тој.

Сè уште не е формирана комисијата на експерти што ја споменува Нехамер.

Нехамер, за ОРФ, подвлече дека задолжителната вaкцинација е совршена алатка, како и дека Законот е добро подготвен и може флексибилно да реагира на секоја ситуација, флексибилно како и вирусот.

„Затоа решивме да формираме експертска комисија како советодавно тело, со цел постојано да се анализира усогласеноста со Уставот и дали мерката сè уште е потребна, особено дали вaкцинацијата е вистинската алатка во борбата против вирусот,” рече тој.

Кога станува збор за објавената лотарија за вaкцинирани лица, преку која секој десетти вaкциниран граѓанин би добил ваучер од 500 евра за добиената доза вaкцина против корoнавируcот, Нехамер рече дека ќе се откаже.

Тој предложи парите предвидени за таа намена да се препратат до луѓето кои дале значаен придонес во борбата против пaндемијата.

Поточно, мисли на здрaвствениот персонал, негувателките, но и војската и полицијата (за последниве веројатно мисли дека завршиле добра работа во претепувањето на нивните сограѓани).

Тој посочи дека лотаријата е предложена по барање на Социјалдемократската партија на Австрија (СПО) како поттик, а таа требало да се одвива преку јавниот сервис ОРФ.

Меѓутоа, ОРФ одби да ја спроведе лотаријата, што беше пречка за спроведување на овој план.

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!