ПРОЧИТАЈТЕ ГО ИТНОТО ПИСМО ОД 76 БРИТАНСКИ ЛЕКАРИ КОИ И КАЖУВААТ НА ВЛАДАТА ЗОШТО BAKЦИНИРАЊЕТО ДОЕНЧИЊА НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

ПРОЧИТАЈТЕ ГО ИТНОТО ПИСМО ОД 76 БРИТАНСКИ ЛЕКАРИ КОИ И КАЖУВААТ НА ВЛАДАТА ЗОШТО BAKЦИНИРАЊЕТО ДОЕНЧИЊА НЕ СМЕЕ ДА СЕ СЛУЧИ ВО ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Следува отворено писмо од 76 медицински лица, научници и здравствени работници до Регулаторната агенција за медицински и здравствени производи (MHRA) и други владини претставници, во кое се изнесени сеопфатни причини зошто неодамнешната одлука на FDA во САД со која се одобруваат вaкцини против Кoвид кај доенчиња не смее да се случи во Велика Британија.

Вaкцини против КOВИД-19 за возрасна група од шест месеци до четири години

Итно ви пишуваме во врска со објавата дека FDA (Комисијата за Храна и Лекoви на САД) додели одобрение за итна употреба и за вaкцините Pfizer и Moderna за КOВИД-19 кај деца од предучилишна возраст. Ние би ве повикале многу внимателно да размислите за потегот за вaкцинирање на сѐ помали деца против САРС-Кoв-2 и покрај постепеното, но значително намалување на вирулентноста на последователните варијанти, зголемениот број докази за брзо опаѓање на ефикасноста на вaкцините, зголемената загриженост за долгорочните штети од вaкцините, и сознанието дека огромното мнозинство од оваа млада возрасна група веќе биле постојано изложени на САРС-Кoв-2 и имаат демонстративно ефикасен имунитет. Така, рамнотежата на кoриста и ризикот што го поддржа воведувањето на mRNA вaкцините за постарите и ранливите лица во 2021 година е целосно несоодветна за малите деца во 2022 година. Ние, исто така, силно го оспоруваме додавањето на вaкцинација против КOВИД-19 во рутинската програма за имунизација на децата и покрај тоа што нема докажана клиничка потреба, а постојат познати и непознати ризици (види подолу) и фактот дека овие вaкцини сè уште имаат само условно овластување за ставање во промет. Вреди да се одбележи дека документацијата на Pfizer презентирана на FDA има огромни празнини во обезбедените докази:

  • Протоколот беше променет на текот на клиничкото истражување.
  • Оригиналниот распоред на две дози покажа слаба имуногеност со ефикасност далеку под бараниот стандард. Беше додадена трета доза до кога многу од оригиналните приматели на плацебо беа вaкцинирани.
  • Немаше статистички значајна разлика помеѓу плацебо и вaкцинираните групи ниту во возрасната група од 6-23 месеци, ниту кај 2-4-годишниците, дури и по третата доза. Зачудувачки, резултатите беа засновани на само тројца учесници во помладата возрасна група (еден вaкциниран и двајца плацебо) и само седум учесници кај постарите 2-4-годишни деца (двајца вaкцинирани и пет плацебо). Навистина, за помладата возрасна група интервалите на доверба се движеа од минус-367% до плус 99%. Производителот изјави дека бројките се премногу ниски за да се извлечат сигурни заклучоци. Покрај тоа, овие ограничени бројки доаѓаат само од деца инфицирани повеќе од седум дена по третата доза.
  • Во текот на целиот временски период од првата доза наваму (видете на страница 39 Табели 19 и 20), имаше вкупно 225 заразени деца во вaкцинираната група и 150 во групата со плацебо, што дава пресметана ефикасност на вaкцината од само 25% (14 % за 6-23 месеци возраст и 33% за 2-4 годишници).
  • Дополнителните студии за имуногеност против Омикрон, побарани од ФДА, опфатија само вкупно 66 деца тестирани еден месец по третата доза (види страница 35).

Неразбирливо е што ФДА смета дека ова претставува доволен доказ врз кој може да се заснова одлуката за вaкцинирање здрави деца. Кога станува збор за безбедноста, податоците се уште по-оскудни: само 1.057 деца, биле следени само два месеци. Вреди да се одбележи дека Шведска и Норвешка не ја препорачуваат вaкцината за 5-11 години, а Холандија не ја препорачува за деца кои веќе имале КOВИД-19. Директорот на Данската Управа за Здравство и Лекoви неодамна изјави дека со она што сега е познато, одлуката да се вaкцинираат децата била грешка.

Подолу ги сумираме огромниот број аргументи против оваа вaкцинација.

А.  Исклучително низок ризик од КOВИД-19 за мали деца

  • Во цела 2020 и 2021 година, ниту едно дете на возраст од 1-9 години не починало каде КOВИД-19 била единствената дијагноза на потврдата за смрт, според податоците на Заводот за Статистика.
  • Деталната студија во Англија од 1 март 2020 година до 1 март 2021 година покажа дека само шест деца под 18 години починале без коморбидитети. Немаше смртни случаи на возраст од 1-4 години.
  • Децата полесно го чистат вирусот отколку возрасните.
  • Децата имаат ефективни, робусни и одржливи имунолошки реакции.
  • Од доаѓањето на варијантата Омикрон, инфекциите се генерално многу поблаги. Тоа важи и за невaкцинираните под 5-годишна возраст.
  •  До јуни 2022 година, сега се проценува дека 89% од 1-4-годишните деца веќе имале инфекција со САРС-Кoв-2.
  • Неодамнешните податоци од Израел покажуваат одличен долготраен имунитет по инфекцијата кај децата, особено на возраст од 5 до 11 години.

Б.  Слаба ефикасност на вaкцината

  • Кај возрасните, стана очигледно дека ефикасноста на вaкцината постојано опаѓа со текот на времето, што бара бустери на редовни интервали. Поточно, ефикасноста на вaкцините се намали побрзо против најновите варијанти на Омикрон.
  • Кај децата, ефикасноста на вaкцината опаѓа побрзо кај 5-11 годишна возраст отколку кај 12-17 години, веројатно поврзано со помалата доза што се кoристи во педијатриската формулација. Една студија од Њујорк покажа дека ефикасноста против Омикрон паѓа на само 12% на 4-5 недели, и на негативни вредности за 5-6 недели по втората доза.
  • Во испитувањето на Pfizer за 0-4 годишници, ефикасноста по две дози падна на негативни вредности, поради што беше потребна промена на пробниот протокол. По третата доза имаше сугестија за ефикасност од 7-30 дена, но нема податоци повеќе од 30 дена за да се види колку брзо и тоа ќе опадне.

В. Потенцијални штети од вaкцините за КOВИД-19 за деца

  • Постои голема загриженост за миокардитисот кај адолесцентите и младите возрасни лица, особено кај машките по втората доза, проценета на еден на 2.600 во активен пост-маркетиншки надзор во Хонг Конг. Појавените докази за перзистентни срцеви абнормалности кај адолесценти со миоперикардитис после мРНК вaкцина, како што е дијагностицирано со срцева магнетна резонанца на 3-8 месеци следење, сугерира дека ова е далеку од „благо и краткотрајно“. Потенцијалот за долгорочни ефекти бара дополнително проучување и повикува на најстрога примена на принципот на претпазливост во однос на најмладите и најранливите деца.
  • Иако се чини дека миокардитисот по вaкцинацијата е поредок кај 5-11-годишните отколку кај постарите деца, тој, сепак, е зголемен во однос на основното ниво.
  • Во студијата на производителот Pfizer, 50% од вaкцинираните деца имале системски несакани настани, вклучувајќи раздразливост и треска. Дијагнозата на миокардитис е многу потешка кај помалите деца. Не беа документирани нивоа на тропонин или ЕКГ студии. Дури и вaкцинирано дете во испитувањето, хоспитализирано со треска, болка во потколеницата и покачена CPK, немаше испитување и извештај за Д-димери, антитромбоцитни антитела или нивоа на тропонин.
  • Во условното овластувањето за вaкцината на Pfizer 5-11, потребно е да се спроведат студии во потрага по миокардитис и резултатите треба да се пријават до 2027 година.
  • Загрижувачки се, а сè уште непознати, негативните ефекти врз имуниот систем. Во испитувањето 0-4 годишници, само седум деца беа опишани како со „тешка“ КOВИД-19 – шест вaкцинирани и едно плацебо. Слично на тоа, за 12-те деца со повторени епизоди на инфекција, 10 биле вaкцинирани наспроти две кои примиле плацебо. Сите овие се мали бројки и премногу мали за да се отфрли какво било негативно влијание како што е засилувањето на инфекцијата предизвикано од антитела (ADE) и други влијанија врз имуниот систем.
  • Исто така неодговорено останува прашањето за Оригиналниот антигенски грев. Забележливо е дека во една голема израелска студија, оние што биле заразени по вaкцинацијата имале послаба заштита од оние кои биле вaкцинирани по инфекцијата. Во студијата на Moderna, N-антитела биле забележани само кај 40% од инфицираните по вaкцинацијата, во споредба со 93% од оние кои биле инфицирани по плацебо.
  • Постојат докази за нарушување на вродените и адаптивните имунолошки реакции предизвикани од вaкцината. Можноста за развој на нарушена имунолошка функција би била погубна за децата, кои имаат најкомпетентен вроден имунитет, кој досега е ефикасно трениран од циркулирачкиот вирус.
  • Сосема непознато е дали ќе има некакoв негативен ефект врз функцијата на Т-клетките што ќе доведе до зголемување на бројот на рак.
  • Исто така, во однос на репродуктивната функција, ограничените студии за биодистрибуција кај животни покажаа концентрат на липидни наночестички во јајниците и тестисите. Возрасните донори на сперма покажаа намалување на бројот на сперматозоиди, особено на подвижните сперматозоиди, опаѓајќи за три месеци по вaкцинацијата и останаа на пониско ниво од нормалното на четири до пет месеци.
  • Дури и за возрасните, се зголемува загриженоста дека сериозните несакани настани се поголем ризик од хоспитализацијата од КOВИД-19.

Г.  Ефект врз довербата на јавноста

Треба да се даде приоритет на вaкцините против многу посериозни болести, како што се полио и сипаници. Притискањето на непотребна и нова вaкцина базирана на генетска терапија кај малите деца ризикува сериозно да ја поткопа довербата на родителите во целата програма за имунизација. Лошиот квалитет на податоците презентирани од Pfizer ризикува да ја поткопа довербата во фармацевтската индустрија и регулаторите доколку овој производ биде одобрен.

Накратко, малите здрави деца се изложени на минимален ризик од КOВИД-19, особено по доаѓањето на варијантата Омикрон. Повеќето од нив биле постојано изложени на вирусот САРС-Кoв-2, но сепак останале добро или имале кратка, лесна болест. Како што беше опишано погоре, вaкцините се со кратка ефикасност, имаат познати краткoрочни до среднорочни ризици и непозната долгорочна безбедност. Податоците за клинички кoрисна ефикасност кај мали деца се слаби или отсутни. Кај постарите деца, за кои вaкцините се веќе лиценцирани, тие се промовирани преку етички и морално сомнителни шеми со голема потенцијална штета на други витални делови од програмата за вaкцинација. За мало малцинство деца за кои потенцијалот за кoрист јасно и недвосмислено го надминува потенцијалот за штета, вaкцинацијата можеше да биде олеснета со рестриктивни дозволи. Без разлика дали го следите принципот на претпазливост или упатството прво да не правите штета, на таквите вaкцини им нема место во рутинската програма за имунизација на детството.

Потпишано од:

Professor Angus Dalgleish, MD, FRCP, FRACP, FRCPath, FMed Sci, Principal, Institute for Cancer Vaccines & Immunotherapy (ICVI)
Professor Anthony Fryer, PhD, FRCPath, Professor of Clinical Biochemistry, Keele University
Professor David Livermore, BSc, PhD, Retired Professor of Medical Microbiology, UEA
Professor John Fairclough FRCS FFSEM retired Honorary Consultant Surgeon 
Lord Moonie,  MBChB, MRCPsych, MFCM, MSc, House of Lords, former Parliamentary Under-Secretary of State 2001-2003, former Cconsultant in Public Health Medicine
Dr Abby Astle, MA(Cantab), MBBChir, GP Principal, GP Trainer, GP Examiner
Dr Michael D Bell, MBChB, MRCGP, retired General Practitioner
Dr Alan Black, MBBS, MSc, DipPharmMed, Retired Pharmaceutical Physician
Dr David Bramble, MBChB, MRCPsych, MD, Consultant Psychiatrist
Dr Emma Brierly, MBBS, MRCGP, General Practitioner
Dr David Cartland, MBChB, BMedSci, General practitioner
Dr Peter Chan, BM, MRCS, MRCGP, NLP, General Practitioner, Functional medicine practitioner 
Michael Cockayne, MSc, PGDip, SCPHNOH, BA, RN, Occupational Health Practitioner
Julie Coffey, MBChB, General Practitioner 
John Collis, RN, Specialist Nurse Practitioner, retired
Mr Ian F Comaish, MA, BM BCh, FRCOphth, FRANZCO, Consultant Ophthalmologist
James Cook, NHS Registered Nurse, Bachelor of Nursing (Hons), Master of Public Health
Dr Clare Craig, BMBCh, FRCPath, Pathologist
Dr David Critchley, BSc, PhD in Pharmacology, 32 years’ experience in Pharmaceutical R&D
Dr Jonathan Engler, MBChB, LlB (hons), DipPharmMedDr Elizabeth Evans, MA (Cantab), MBBS, DRCOG, Retired Doctor
Dr John Flack, BPharm, PhD, retired Director of Safety Evaluation at Beecham Pharmaceuticals and retired Senior Vice-president for Drug Discovery SmithKline Beecham
Dr Simon Fox, BSc, BMBCh, FRCP, Consultant in Infectious Diseases and Internal Medicine
Dr Ali Haggett, Mental health community work, 3rd sector, former lecturer in the history of medicine
David Halpin, MB BS FRCS, Orthopaedic and trauma surgeon (retired)     
Dr Renée Hoenderkampf, General Practitioner
Dr Andrew Isaac, MB BCh, Physician, retired
Dr Steve James, Consultant Intensive Care
Dr Keith Johnson, BA, DPhil (Oxon), IP Consultant for Diagnostic Testing
Dr Rosamond Jones, MBBS, MD, FRCPCH, retired consultant paediatrician
Dr Tanya Klymenko, PhD, FHEA, FIBMS, Senior Lecturer in Biomedical Sciences
Dr Charles Lane, MA, DPhil, Molecular Biologist
Dr Branko Latinkic, BSc, PhD, Molecular Biologist
Dr Felicity Lillingstone, IMD DHS PhD ANP, Doctor, Urgent Care, Research Fellow 
Dr Theresa Lawrie, MBBCh, PhD, Director, Evidence-Based Medicine Consultancy Ltd, Bath
Katherine MacGilchrist, BSc (Hons), MSc, CEO/Systematic Review Director, Epidemica Ltd.
Dr Geoffrey Maidment, MBBS, MD, FRCP, Consultant physician, retired
Ahmad K Malik FRCS (Tr & Orth) Dip Med Sport, Consultant Trauma & Orthopaedic Surgeon
Dr Kulvinder Singh Manik, MBBS, General Practitioner
Dr Fiona Martindale, MBChB, MRCGP, General Practitioner
Dr S McBride, BSc (Hons) Medical Microbiology & Immunobiology, MBBCh BAO, MSc in Clinical Gerontology, MRCP(UK), FRCEM, FRCP (Edinburgh). NHS Emergency Medicine & Geriatrics
Mr Ian McDermott, MBBS, MS, FRCS(Tr&Orth), FFSEM(UK), Consultant Orthopaedic Surgeon
Dr Franziska Meuschel, MD, ND, PhD, LFHom, BSEM, Nutritional, Environmental and Integrated Medicine
Dr Scott Mitchell, MBChB, MRCS, Emergency Medicine Physician
Dr Alan Mordue, MBChB, FFPH. Retired Consultant in Public Health Medicine & Epidemiology
Dr David Morris, MBChB, MRCP(UK), General Practitioner
Margaret Moss, MA (Cantab), CBiol, MRSB, Director, The Nutrition and Allergy Clinic, Cheshire
Dr Alice Murkies, MD FRACGP MBBS, General Practitioner
Dr Greta Mushet, MBChB, MRCPsych, retired Consultant Psychiatrist in Psychotherapy
Dr Sarah Myhill, MBBS, retired GP and Naturopathic Physician
Dr Rachel Nicholl, PhD, Medical researcher
Dr Christina Peers, MBBS, DRCOG, DFSRH, FFSRH, Menopause specialist 
Rev Dr William J U Philip MB ChB, MRCP, BD, Senior Minister The Tron Church, Glasgow, formerly physician specialising in cardiology
Dr Angharad Powell, MBChB, BSc (hons), DFRSH, DCP (Ireland), DRCOG, DipOccMed, MRCGP, General Practitioner
Dr Gerry Quinn, PhD. Postdoctoral researcher in microbiology and immunology
Dr Johanna Reilly, MBBS, General Practitioner
Jessica Righart, MSc, MIBMS, Senior Critical Care Scientist
Mr Angus Robertson, BSc, MB ChB, FRCSEd (Tr & Orth), Consultant Orthopaedic Surgeon
Dr Jessica Robinson, BSc(Hons), MBBS, MRCPsych, MFHom, Psychiatrist and Integrative Medicine Doctor
Dr Jon Rogers, MB ChB (Bristol), Retired General Practitioner
Mr James Royle, MBChB, FRCS, MMedEd, Colorectal surgeon
Dr Roland Salmon, MB BS, MRCGP, FFPH, Former Director, Communicable Disease Surveillance Centre Wales
Sorrel Scott, Grad Dip Phys, Specialist Physiotherapist in Neurology, 30 years in NHS
Dr Rohaan Seth, BSc (hons), MBChB (hons), MRCGP, Retired General Practitioner
Dr Gary Sidley, retired NHS Consultant Clinical Psychologist
Dr Annabel Smart, MBBS, retired General Practitioner
Natalie Stephenson, BSc (Hons) Paediatric Audiologist
Dr Zenobia Storah,MA (Oxon), Dip Psych, DClinPsy, Senior Clinical Psychologist (Child and Adolescent)
Dr Julian Tompkinson, MBChB MRCGP, General Practitioner GP trainer PCME
Dr Noel Thomas, MA, MBChB, DCH, DObsRCOG, DTM&H, MFHom, retired doctor
Dr Stephen Ting, MB CHB, MRCP, PhD, Consultant Physician
Dr Livia Tossici-Bolt, PhD, Clinical Scientist
Dr Carmen Wheatley, DPhil, Orthomolecular Oncology
Dr Helen Westwood MBChB MRCGP DCH DRCOG, General Practitioner
Mr Lasantha Wijesinghe, FRCS, Consultant Vascular Surgeon
Dr Damian Wilde, PhD, (Chartered) Specialist Clinical Psychologist
Dr Ruth Wilde, MB BCh, MRCEM, AFMCP, Integrative & Functional Medicine Doctor

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!