ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ НИЗ ЧЕШКА! НАРОДОТ СТРАДА ПОРАДИ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА, А ВЛАДАТА ЈА ОБВИНУВА РУСИЈА ЗА ДЕМОНСТРАЦИИТЕ

ПРОДОЛЖУВААТ МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ НИЗ ЧЕШКА! НАРОДОТ СТРАДА ПОРАДИ ЕКОНОМСКАТА КРИЗА, А ВЛАДАТА ЈА ОБВИНУВА РУСИЈА ЗА ДЕМОНСТРАЦИИТЕ

Во последните месеци низ Чешка се одржуваат масовни протести против владата на десниот центар. Многу чешки функционери сметаат дека Москва стои зад нив.

Vesnik broj 3-naslovna - Copy3

На еден од најголемите собири во Прага на 3 септември, околу 70.000 луѓе се собраа да побараат предвремени избори.

Иако на прв поглед се чинеше дека повеќето демонстранти дојдоа на плоштадот Вјенчеслав поради страв од поскапување на парното, организаторите промовираа бројни „неочекувани“ барања.

Така, лидерите на протестот побараа чешката влада да престане да испраќа оружје во Украина, да ги укине санкциите против Русија со цел да ги олесни преговорите со Москва за продолжување на евтините енергенси и да иницира барање за напуштање на ЕУ и НАТО. Тие, исто така, побараа прекин на поддршката за 350.000 украински бегалци кои се примени во Чешка од почетокот на инвазијата во февруари.

Ова се сите главни наративи на Кремљ, предупредуваат чешките власти.

Москва помогна да ги поттикне неодамнешните масовни протести во Прага поради зголемената инфлација и потенцијалниот недостиг на енергија. Опасноста од избувнување немири ја принуди владата на централно-десничарската земја, членка на ЕУ и НАТО, да ги промени плановите и да ги ограничи цените на гасот и струјата – изјави претседателката на Домот на пратеници на чешкиот парламент, Маркета Пекарова Адамова, за британски Тајмс.

Таа тврди дека „руската пропаганда силно се турка на протестите.“

Имаат сојузници во опозицијата и меѓу организаторите на протестите. Русија активно работи на предизвикување граѓански немири и поткопување на чешката демократија – рече таа.

Митинзи против чешката влада се организирани од екстремно десничарски политички движења, маргинализирани групи и Комунистичката партија.

Премиерот Петр Фиала ги нарече организаторите „руска петта колона“ и категорично ги отфрли нивните барања.

Главниот виновник за ширењето на проруските наративи во Чешка се дезинформациите, тврди тој. Имено, медиумите кои шират „алтернативни“ тврдења и верижни мејлови станаа главни извори на информации, спрема мејнстрим медиумите.

Ова им помогна на политичките сили против естаблишментот во Чешка полесно и побрзо да ги шират своите идеи и да добијат нови следбеници. Руската пропагандна машина е активна подолго време, но чешките власти предупредуваат дека од инвазијата на Украина, активноста на овие „алтернативни“ веб-страници е значително проширена и дека вестите што ги одразуваат ставовите на Кремљ за причините за војната и енергетската криза.

Русија сака да го уништи својот непријател – нас, НАТО и западната заедница. Путин ќе ги искористи сите можни средства – изјави Михал Куделка, директор на чешката контраразузнавачка служба БИС.

Чешка е една од земјите што најмногу и помага на Украина откако Русија ја започна војната. Сепак, таа е исто така многу зависна од руските енергетски извори. Минатата година речиси сите девет милијарди кубни метри гас потрошени од Чешка беа испорачувани од Русија.

Чешката влада затоа побрза да најде алтернативни залихи. И покрај одреден успех, заканата од рецесија и потенцијалната енергетска рационализација сега стануваат опипливи опасности за земјата.

Европското единство во санкциите ќе биде доведено во прашање оваа зима. Ќе се соочиме со повеќе напади врз демократијата и единството на ЕУ како овие протести, но мора да продолжиме да се спротивставуваме. Никој во Европа не се пакува и брза да се пресели во Русија – изјави Адамова.

Се чини дека и Чешката Република е потполно подготвена да се откаже од својот народ во обид да ја протурка глобалистичката агенда и т.н. „демократски вредности“…

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!