мила алечковиќ

ПРОФ. Д-Р ПО ПСИХОЛОГИЈА И ПСИХОПАТОЛОГИЈА МИЛА АЛЕЧКОВИЌ ЗА “ПСИХОПАТИТЕ” КОИ ГИ СПРОВЕДУВААТ МЕРКИТЕ: “ТИЕ СЕ САДИСТИ, СЛАБИ, ФРУСТРИРАНИ И ПСИХОТИЧНИ”

Во последно време, многу ретко можеме да бидеме сведоци на јавни излагања на вистински стручни лица, особено од областа на медицината, но и психологијата, кои ќе се обидат да ни доловат што точно се случува во умовите на сите оние хистерични “бранители на рестриктивните мерки”, кои се подготвени да влезат во костец и дури и физички да се пресметаат со секој што едноставно, на пример, не може да дише од маската на лицето и одбива да ја носи.

Исто така, во подем е и онаа категорија на луѓе кои по некоја случајност извршуваат одредена општествена функција (полиција, приватно обезбедување, дури и продавачи во маркетите), кои на секој што нема целосно да ги почитува мерките гледаат како на “нижо битие”, недостојно за нивната почит и културно однесување.

Токму на ова, меѓу другото, се осврнува и проф. д-р по психологија, психопатологија и антрополошка психијатрија, Мила Алечковиќ (докторат со сите почести на париската Сорбона).

Таа во нејзиното интервју за хрватскиот портал Logicno, ќе каже:

“Низ сите зли времиња, многу луѓе исто така стануваат злобни, како што говореше поетесата Десанка Максимовиќ.

Тие, воглавно, се делат во две категории. Во една се оние кои имаат притаени садистички црти во себе и кои само го чекаат моментот кога ќе можат да ги манифестираат. Во другата група се оние кои се слаби и уплашени, се идентификуваат со агресорот и секогаш се потпикуваат под секој авторитет. Нивното детство било репресивно, секогаш морале да слушаат без објаснување и без разбирање, а подоцна во животот не можеле многу да работат на себе, затоа што или немаат особена интелигенција, или едноставно немаат никаква духовност и креативност, кои единствено ги спасуваат луѓето од лудило и пореметување.

Оние од првата група се психопати (со психопатска црта, или дури и карактерна особина) и ним им е задоволство да ги тероризираат и малтретираат другите. Оние, пак, од втората категорија се просто слаби и лошо структуирани, инфантилни личности и тие не се активно, туку пасивно агресивни. Често овие две групи чинат симбиотичко психопатолошко единство, како џелатот и неговата жртва која му помага затоа што е слаба да се спротистави, па тогаш почнуваат заедно да чинат злодела. Во среќните времиња ваквите луѓе се можеби незабележливи, но кога ќе дојдат насилствата, војните, прогоните, можноста неказнето да се малтретираат другите и мачат, тие веднаш се појавуваат, излегуваат од калта во која дотогаш спиеле.

Во втората група не се само уплашените, туку и фрустрираните, искомплексираните, незрелите, агресивно структурираните невротични и психотични личности кои можеби не се психопати, но под притисок на незадоволството од самите себе, чинат зло на другите луѓе. Овдека се и сите перверзни структури кои ги привлекува ситна моќ над другите луѓе. Моќта да ги проверувате “ковид пропусниците”, моќта да кажат: “Не ти дозволувам да влезеш во просторијава,” моќта да некаде ве застанат и распрашуваат, моќта да ве приведат, моќта да во некое училиште наредат маски на лицето за сите, освен за нив самите итн… Јасно е дека тука никаде нема некаква моќ, но тие имаат илузија на моќта. Јас во шега велам: “слабак со сексуална дисфункција доживува ерекција кога проверува нечиј ковид пасош.” Тоа и не е шега, затоа што постојат и такви јадници… Тие тогаш се јаки, тогаш се силни, она за што инаку не се способни во нормални околности, фиктивно го задоволуваат со фиктивната моќ која всушност ја немаат.

На крајот, таквите луѓе воглавно никогаш ништо не постигнуваат и стануваат жртви на големи одмазди. Ако меѓу нив има и од оние кои сочувале малку “супер-его” и не се баш глупави, тие знаат понекогаш и да се засрамат кога ќе ги раскринкате пред другите. Секако, во случај да не се во категоријата на јасни психопати (затоа што психопатот не се кае). Затоа јас секогаш велам дека никогаш не треба мирно да послушате кога нешто бараат од вас, секако освен ако не ви се закануваат по животот.”

Се соочуваме со досега НЕВИДЕНА ЦЕНЗУРА на просторот на Република Македонија, па токму поради тоа и поради можноста да бидете во тек со буквално СИТЕ НОВИ ИНФОРМАЦИИ, следете ја нашата ФАН СТРАНА НА ФЕЈСБУК и нашиот КАНАЛ на единствениот медиум на интернет просторот БЕЗ ЦЕНЗУРА, Телeграм:

https://t.me/kolovrtcom