вело марковски

ПPOФ. Д-P ВЕЛО МАРКОВСКИ ЖЕСТОКО КАКО И СЕКОГАШ: “НЕ ТРЕБА НИ ТРЕТА НИ ЧЕТВРТА ДOЗA АКО ПРВИТЕ ДВЕ НЕ ДАВААТ ЗАШТИТА ОД ОMИKPOH!”

Ретки се оние кои во последните 2 години го претставуваа гласот на разумот во ехото на неразумноста, но еден од нив секако е и познатиот и признат македонски инфектолог, проф. д-р Вело Марковски.

Во неговото најново интервју за порталот Локално, Марковски вели дека голем проблем е што по две години кај нас нема се уште солиден дијагностички протокол за лекување на вирусот.

“Воопшто не направивме систем на детектирање на останатите горнореспираторно инфекции кои можат да одат како епидемија, пред се грипот, аденовирусите, респираторен синцицијален вирус, како и бактериските миколазма, кламидија, стрептококни инфекции, скарлатината… Вакцинираните против КОВИД-19 може да се разболат од некоја нова ваква инфекција, а да биде протолкувано како инфекција со некоја мутација кон која вакцината не дава заштита. И тоа е голем проблем. Затоа постојано инсистирам на вакцинираните да им се проверуваат антителата. Постои можност ако е некој вакциниран, да не создал антитела, и тој секако нема заштита кон корона вирусите,” објаснува професорот.

Понатаму, Вело Марковски се осврнува и на новиот светски тренд за воведување трета и четврта доза на вакцината за ковид 19, со објаснување дека така се зголемува заштитата кон новата омикрон мутација. Според него, тоа е апсолутно погрешно!

“Не, чудна е лицитација со број на примени вакцини, најава дека ќе треба трета, четврта…Производителот препорача две дози, и после тоа мора да има заштита од инфекција, а не полесна форма. Ако една вакцина не дала антитела, или тие антитела не штитат тогаш таа вакцина не е добра. Добра вакцина е таа што ќе има над 70-90% сероконверзија (човек што немал антитела по вакцинирањето има антитела), при тоа се анализира бенефитот, придобивките од вакцината и за поединецот и во придонесот кон колективниот имунитет. Ако несаканите ефекти од вакцината ги надминуваат досегашните усвоени критериуми за степенот на дозволиви несакани ефекти од една вакцина, вакцинацијата со одредената вакцина се прекинува и се бара ново решение. Од друга страна, во иста сезона не треба да има голема мутација на вирус, и сегашните вакцини мора да ја фатат и да заштитат при мали мутации. Ако пак во тек на една сезона очекуваме големи мутации, тогаш треба да се бара вакцинален сој кој ќе штити и при мутации. Инаку една ваква голема, најголема досега вакцинална акција со над 8 милјарди вакцини во светот, е фрлена работа во ветар. Така да, ни трета ни четврта доза не треба ако и првите две не даваат заштита од омикрон, или друга нова мутација,” дециден е Марковски.

На крајот, професорот повторно објаснува за штетноста на долготрајното носење маски, особено кај учениците, кои секако не се разболуваат, или немаат било какви последици од корона вирусот.

Инфектологот објаснува дека децата имаат многу малку рецептори за кои се врзува вирусот и според сите досегашни искуства од целиот свет децата не се разболуваат.

“Сето ова е потврдено во бројни научни списанија. И кога се разболуваат се разболуваат дома како последни во ланецот. Затоа, заштита на деца со маски или вакцини или со било што од КОВИД -19 е непотребна и остава многу простор за вознемиреност. Континуираното носење маски може да има штета и во психофизичкиот развој на детето, и да биде можност за аспирација и инфекција со сопствената флора.” – ќе заклучи Марковски.

Следете ја нашата Фејсбук страна и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrtcom/) или на email (kolovrt.info@gmail.com) околу деталите.
  • Доколку, пак, имате било какви идеи и предлози за понатамошниот тек на мојата работа (која самостојно ја водам речиси 1 година), односно нашата заедничка борба за слобода и правда, повторно контактирајте ме преку Фејсбук или email, а јас сум подготвен (секако, во склоп на своите можности) да издвојам време и да поразговарам, па дури и да се сретнам со секој од вас кој има чисто срце и добра намера!
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!