ПРОФ. ЏЕФРИ САКС ВЕЛИ ДЕКА Е „ПРИЛИЧНО УБЕДЕН ДЕКА KOBИД-19 ИЗЛЕГОЛ ОД БИОТЕХНОЛОШКО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО АМЕРИКАНСКА ЛАБОРАТОРИЈА“

ПРОФ. ЏЕФРИ САКС ВЕЛИ ДЕКА Е „ПРИЛИЧНО УБЕДЕН ДЕКА KOBИД-19 ИЗЛЕГОЛ ОД БИОТЕХНОЛОШКО ИСТРАЖУВАЊЕ ВО АМЕРИКАНСКА ЛАБОРАТОРИЈА“

…Исто така, и предупредува дека има опасни истражувања за вируси кои се одвиваат без јавен надзор. Секако, не е единствениот – истото го кажаа и Руското Министерство за Одбрана, а ние за ова пишувавме во неколку наврати.

Проф. Џефри Сакс е директор на Центарот за одржлив развој на Универзитетот Колумбија и претседател на Мрежата за решенија за одржлив развој на ОН.

Тој, исто така, беше претседател на комисијата за КOВИД-19 за водечкото медицинско списание Лансет.

Преку неговите истраги како шеф на комисијата за КOВИД-19, проф. Сакс верува дека е можно САРС-Кoв-2, вирусот одговорен за КOВИД-19, да потекнува од истражувањето на опасните вируси кои тргнале наопаку. Тој верува дека има јасен доказ дека Националниот институт за здравје и многу членови на научната заедница го попречуваат сериозното истражување за потеклото на КOВИД-19 и го одвраќаат вниманието од хипотезата дека ризичното истражување поддржано од САД може да доведе до милиони смртни случаи.

Ако таа хипотеза е точна, импликациите би биле земјотресни, бидејќи тоа може да значи дека ценетите членови на научната заедница сносат одговорност за глобална катастрофа. Проф. Сакс исто така, објаснува зошто е толку важно да се дојде до вистината за потеклото на КOВИД: бидејќи, вели тој, има исклучително опасни истражувања кои се одвиваат со мала одговорност, а јавноста има право да знае бидејќи ние сме тие чии животи се изложени на ризик без наша согласност.

Проф. Сакс неодамна беше коавтор на труд во Зборникот на Националната академија на науките во кој повикува на независна истрага за потеклото на вирусот.

На овој линк може да проследите интервјуто со Проф. Џефри Сакс од списанието Current Affairs.

Извор: https://www.currentaffairs.org/2022/08/why-the-chair-of-the-lancets-covid-19-commission-thinks-the-us-government-is-preventing-a-real-investigation-into-the-pandemic

Задолжително следете ја нашата Фејсбук фан страна (https://www.facebook.com/kolovrt21) и нашиот Канал на Телеграм: https://t.me/kolovrtcom

  • Доколку посакувате да помогнете за работењето на овој мој независен вебсајт, продукцијата на моите видеа на Rumble и на било каков начин да се вклучите во борбата, односно отпорот кон оваа агенда, тоа можете едноставно да го направите со една симболична донација.
  • Контактирајте ме на мојата Фејсбук Фан Страна (https://www.facebook.com/kolovrt21/) или на email (kolovrt@kolovrt.com) околу деталите за помошта.
  • ВИ БЛАГОДАРАМ ОД СРЦЕ!